Расимбегов мост или Расинбегов мост — патен мост на регионалниот пат 1107, кој ја поминува Црна Река.

Мостот е важна врска за Прилепско Мариово, поврзувајќи ги мариовските села со градот Прилеп.

Местоположба

мини|300п|лево|Црна Река од мостот

Мостот се наоѓа на регионалниот пат 1107 помеѓу селата Дуње и Манастир.

Историја

Мостот бил изграден од Расим-бег за да може полесно да собира арач од Мариовците.

Според легендата, непосредно до мостот биле закопани 16 товари злато што биле украдени од тогашната битолска банка. Според друга верзија, златото не било од отоманскиот период, туку него го закопале Германците во Втората светска војна кога се повлекувале. Поради ова, диви копачи, но и самите државни органи во 1990-тите, постојано се обидувале да го најдат златото.

За време на изградбата во отоманскиот период, мостот бил направен од камен, но во 1973 година во силно невреме реката го однела мостот, а со него и чуварот.

Подоцна, војската изградила бетонски мост со железна ограда.

Градба

Моменталниот мост е направен од бетон.

Параклис „Св. Петка“

Во непосредна близина на мостот се наоѓа параклисот „Св. Петка“, како и етно-ресторанот Мариово.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Манастир (село)