Фолаут () — американска постапокалиптична телевизиска серија, заснована на истоимената франшиза видеоигри создадена од Тим Кејн и Леонард Бојарски. Главните улоги ги толкуваат Ела Пернел, Арон Мотен, Кајл Маклахлан, Мојзес Аријас, Кселија Мендес-Џонс и Волтон Гогинс. Премиерата на првата сезона се одржала на преносната платформа Prime Video на 10 април 2024 г. Истиот месец, серијата била обновена за втора сезона, чија премиера се одржала на 16 декември 2025 г.
Компанијата Amazon ги купила правата за производство на серија заснована на серијалот видеоигри Fallout во 2020 г. Творци на серијата се Џенива Робертсон-Дуорет и Греам Вагнер. Првата сезона добила високи оценки од критичарите, кои ги пофалиле глумечката игра, сценариото, визуелните ефекти, сценографијата и верноста кон изворниот материјал.
Содржина Настаните во серијата се случуваат на територијата на Западното Крајбрежје на САД, приближно 219 години по светскиот јадрен судир во 2077 г. Иако ги користи средината, визуелниот дизајн и митологијата на серијалот компјутерски игри, дејството на серијата е целосно оригинално. Таа раскажува за патешествијата и судбините на тројца главни јунаци: искушеникот на Братството на челикот, Максимус; жителката на Засолништето 33, Луси Маклин; и гулот Купер Хауард, кој некогаш бил познат глумец. Нивните судбини се испреплетени како со настаните во сегашноста, каде што владее хаосот на пустошот, така и со длабоките корени на случувањата што потекнуваат од светот на алтернативната Америка пред јадрената пропаст. Причините за настаните му се откриваат на гледачот преку навраќања во минатото на ликовите (од кои некои се постари од 200 години), како и преку многубројните наводи кон играчката франшиза.
Улоги
| Ела Пернел | Луси Маклин |- | Арон Мотен | Максимус |- | Кајл Маклахлан | Хенк Маклин |- | Мојзес Аријас | Норм Маклин |- | Кселија Мендес-Џонс | Дејн |- | Волтон Гогинс | Гул / Купер Хауард
Епизоди
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Американски научнофантастични серии Категорија:Телевизиски серии на Amazon Studios Категорија:Оригинални програми на Amazon Prime Video __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__