Деметриj и Полибиj е двочинска опера од Џоакино Росини по либрето од Винченцина Вигано-Момбели. Операта била напишана за флејта, обоа, кларинети, фагот, хорни, труби и гудачки инструменти.
„Демитриј и Полибиј“ бил првиот обид на Росини за целосна опера, „составена на парчиња“ за време на неговите студентски денови на Филхармонската академија во Болоња во 1806 година. Нарачана од тенорот Доменико Момбели (чија сопруга го напишала либретото) изведена приватно од Момбели и неговите две ќерки.
Операта не била професионално поставена сè до 18 мај 1812 година, кога премиерно била изведена во Театро Вале во Рим.
Улоги Улога Тип на глас Премиерна екипа, 18 мај 1812 година Полибиј, крал на Партија бас Лодовико Оливиери Лисинга, неговата ќерка сопран Марија Естер Момбели Сивено, љубовницата на Лисинга контралто Маријана „Ана“ Момбели Деметриј, крал на Сирија, отуѓениот татко на Сивено тенор Доменико Момбели
Содржина
Време: 2 век п.н.е. Место: Партија
Чин 1 Добриот Полибиј, крал на Партија, ги штити и својата ќерка Лисинга и нејзиниот сакан Сивено. Сите се убедени дека Сивено е син на Минтеј, советникот на сирискиот крал Деметриј, но вистината е дека тој е одамна изгубениот син на самиот Деметриј. Уверен дека Минтеј е виновен за исчезнувањето на неговото дете, Деметриј доаѓа на партскиот двор преправен како Еумено, кралски пратеник, и бара Сивено да биде испратен во Сирија. Полибиј го одбива тоа барање. Сивено и Лисинга го слават своето венчавање, а Полибиј му ја изразува на Сивено својата загриженост за настаните, но Сивено го уверува дека нема опасност. Во тајност, Еумено (всушност Деметриј) подготвува план да го грабне Сивено и да го однесе во Сирија. Со поткуп на слугите и стражата, тој ноќе навлегува во палатата, но во спалната соба ја затекнува само Лисинга и наместо Сивено ја киднапира неа. Полибиј и Сивено се обидуваат да го спречат, но без успех.
Чин 2 Полибиј и Сивено го молат Еумено да ја ослободи Лисинга. Наместо тоа, Еумено (Деметриј) се заканува дека ќе ја погуби доколку Сивено не биде предаден. Полибиј возвраќа со закана дека ќе го убие Сивено ако Лисинга не биде пуштена на слобода. Заплетот почнува да се расплетува кога Еумено (Демитриј) погледнува во стар медалјон и сфаќа дека Сивено е неговиот одамна изгубен син. Во исто време, Полибиј не може да се помири со можноста да ја загуби Лисинга, додека Демитриј единствено се грижи за судбината на Сивено. Обземена од очај поради неминовната разделба, Лисинга се обидува да го убие Еумено, но тој тогаш го открива својот вистински идентитет како крал Демитриј и јавно признава дека Сивено е негов син. Со тоа се воспоставува мир, а младата двојка продолжува да живее среќно до крајот на својот живот.
Наводи Литература
Госет, Филип; Браунер, Патриција (2001), „ Демитриј и Полибиум “ во Холден, Аманда (ур.), Новиот водич за операта на Пингвин, Њујорк: Пингвин Патнам. Кенеди, Мајкл (2007), „Димитриј и Полибиум“, Концизен оксфордски речник за музика . (Со претплата: Oxford Reference Online ). Oxford University Press. Преземено на 8 декември 2013 година Озборн, Чарлс (1994), Оперите Бел Канто од Росини, Доницети и Белини, Портланд, Орегон: Амадеус Прес. ISBN 0-931340-71-3 Осборн, Ричард (1998), „ Димитриј и Полибиум “, во Стенли Сејди (ур.), Речник на операта „Њу Гроув“, том еден. Лондон: Macmillan Publishers, Inc.
Осборн, Ричард (1990), Росини, Итака, Њујорк: Издавачка куќа на Универзитетот Нортистен. ISBN 1-55553-088-5 Осборн, Ричард (2008), Деметриј и Полибиј Archived , Grove Music Online, Преземено на 21 март 2008 година
Надворешни врски
Либрето, Deutsche Rossini Gesellschaft. Пристапено на 23 март 2008 г. ракопис копија од Biblioteca del Conservatorio di Musica San Pietro Majella, IMSLP.
Категорија:Италијански опери Категорија:Опери на Џоакино Росини Категорија:Опери Категорија:Статии со текст на италијански