Македонска аикидо федерација - Аикикаи Македонија е организација која обединува здруженија на граѓани (клубови) чија дејност е аикидо. Целта ѝ е изучување на аикидото во неговата изворна форма, според начелата поставени од основачот Морихеи Уешиба и според стандардите на Аикикаи Фондацијата од Токио, Јапонија.
Основана е во 2006 година.
Административен статус МАФ е регистрирано правно лице согласно Законот за здруженија и фондации во Република Македонија со седиште во Скопје. Територијата на дејствување е целата територија на републиката. Федерацијата ја претставува нејзиниот претседател, а главното одлучувачко тело е нејзиното собрание кое е сочинето од претставниците на поединечните клубови-членки.Статут на Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија
Името на федерацијата Јапонскиот збор „Аикикаи“, во името на федерацијата, во превод значи „Организација за АИКИ“ или поточно: „Организација за хармонизација на енергија“. Истиот е преземен од името на матичната организација за аикидо во Токио, Јапонија, која го носи името „Аикикаи фондација - Светско седиште на аикидото“ (Aikikai Foundation - Aikido world headquarters).
Цели Целите на МАФ се обезбедување на високи стандарди за практикување на вештината Аикидо, и нејзина промоција во Македонија и во светот.
Меѓународен статус Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија, доби полно Признавање од Аикикаи фодацијата во Токио во 2020 година. Со ова признавање, МАФ-АМ се стекна со право да одржува испити за мајсторки (ДАН) степени со своја техничка комисија, која овие испити ги пријавува во Аикикаи фондацијата и од таму се издаваат соодветните дипломи кои важат во целиот свет.
Македонската аикидо федерација - Аикикаи Македонија, според својот статут и техничките правила, издава сертификати за право на подучување аикидо на лица кои ги исполнуваат условите наведни во техничките правила. Сертификатите важат во рамките на федерацијата.
Од 2020 година МАФ-АМ, преку Националната аикидо спортска асоцијација, стана и полноправна членка и на Меѓународната аикидо федерација (IAF).
Во 2023 година претседателот на МАФ-АМ, Дамјан Цингарски ја претставуваше Македонија на Светските борбени игри (World Combat Games) што се одржаа во Ријад, Саудиска Арабија.
Во 2024 година, претставници од редовите на МАФ-АМ је претставуваа Македонија на Меѓународниот аикидо самит во Токио, Јапонија. Ова е прво официјално учество на македонски аикидоки на овој светски најпрестижен аикидо настан, што претставува значаен историски праг за аикидото во Македонија.
Клубови членки
Аикидо клуб Хенбо - Скопје, Центар Аикидо клуб Икеда - Скопје, Центар Аикидо клуб Заншин - Куманово (НЕАКТИВЕН) Аикидо клуб Фудошин - Скопје (НЕАКТИВЕН) Аикидо клуб Бушидо - Велес Аикидо клуб Хеиши - Скопје (НЕАКТИВЕН) Аикидо клуб Теншинкан-доџо - Скопје Аикидо клуб Мушин - Охрид Аикидо клуб Икигаи - Скопје Аикидо клуб Варна - Варна (Бугарија) Аикидо клуб Икеда - Твер (Русија) Аикидо клуб Икеда - Смоленск (Русија)
Надворешни врски Официјалната веб страница на МАФ - Аикикаи Македонија
Извори
Категорија:Боречки вештини