мини|Штали на поранешниот имот Рока-Луро, денес резерват Ла Пампа е покраина во Аргентина, сместена во областа Пампа во центарот на земјата. Таа се граничи со Сан Луис, Кордоба, Буенос Аирес, Рио Негро, Неукен и Мендоса.
Географија и клима Средишниот дел на Пампасите е степски во кој има само врнежи до 500 mm годишно. Таквото поднебје регулира и драстични температурни разлики помеѓу денот и ноќта, кое пак итекако влијае врз растителноста.
Има само две поголеми реки тука. Едната е Колорадо (Шарена) а другата е Саладо (Солена).
Стопанство
Најважна економска франка во Ла Пампа е сточарството, со 3,632,684 (2002) грла на говеда. Друг добток кој се одгледува е 202,428 овци, 140,498 кози и 64,118 свињи.
На североисточниот дел, најмногу има полиња со жито (10% од производството во земјата), сончоглед (13% од НП), пченка, луцерка, јачмен, и други цералии.
Административна поделба
Ла Пампа има 22 департамента (шпански: departamentos).
Поврзано Аргентина Административна поделба на Аргентина
Надворешни врски Портал на покраината Туризам Националниот универзитет Карта на покраината со департментите
Категорија:Покраини во Аргентина Категорија:Држави и територии настанати во 1945 година