Тежок за убивање () — американски акционен трилер од 1990 г., во режија на Брус Малмут, а по сценарио на Стивен Макеј. Главните улоги ги толкуваат Стивен Сигал, Кели Леброк, Вилијам Садлер и Фредерик Кофин. Ова е втор филм на Сигал по неговото деби со Над законот.
Во филмот, Сигал го толкува ликот на Мејсон Сторм, детектив што паѓа во кома откако е застрелан за време на упад во неговиот дом, при што е убиена неговата сопруга. Сторм се буди по седум години и тргнува во одмазднички поход за да ја одмазди смртта на својата сопруга и да ја разоткрие корупцијата на сенаторот Вернон Трент — човекот што го нарачал убиството на неговото семејство.
Филмот бил објавен од страна на Warner Bros. на 9 февруари 1990 г. и остварил заработка од 75 милиони долари ширум светот.
Содржина 1983 г. Поседувајќи цврсти докази за политичка корупција, детективот од Лос Анџелес, Мејсон Сторм, го привлекува несаканото внимание на мафијата и нејзините политички поддржувачи. Додека поткупливи полицајци го следат секој негов чекор, Сторм набрзо се наоѓа на нишанот на насилниците во сопствениот дом — најмени убијци го покосуваат неговото семејство, а него го оставаат мислејќи дека е мртов. Но во 1990 г., седум години по овој кобен настан, издржливиот Сторм на чудесен начин се буди од длабока кома. Крвта бара правда, а Сторм има нерасчистени сметки. Продолжувајќи таму каде што застанал, дури ни цела војска злосторници не може да го спречи во неговата намера да ги израмни долговите. На крајот на краиштата, кој се плаши од смртта кога веќе бил мртов?
Улоги
|Стивен Сигал || Мејсон Сторм |- |Кели Леброк || Андреа Стјуарт |- |Фредерик Кофин || Кевин О'Мали |- |Вилијам Садлер || сенаторот Вернон Трент |- |Бони Бароуз || Фелиша Сторм |- |Ендру Блок || капетан Ден Халанд |- |Бранскомб Ричмонд || Макс Квинтеро |- |Чарлс Босвел || Џек Аксел |- |Закари Розенкранц || Сани Сторм |- |Лу Бејти Млађи || Карл Бекер |- |Дин Норис || наредник Гудхарт |- |Роберт Ласардо || силеџија |- |Ерни Лајвли || капетан на ЛАПД
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1990 година Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски акциони филмови Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес Категорија:Филмови на Warner Bros. Категорија:Боречки филмови __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__