мини|301x301пкс|Современ споменик во Волин, место што се смета за веројатната местоположба на средновековниот Јомсборг. Натписот на дански и полски јазик, напишан во рунски стил, го одбележува престојот и смртта на Харалд Синозабиот во Јомсборг во 986 г. Јомсборг — тврдина на јужниот брег на Балтичкото Море (средновековен Вендланд, денешна Померанија), која постоела помеѓу 960-тите и 1043 г. Нејзините жители биле познати како јомсвикинзи — полулегендарно воено братство. Точната местоположба на Јомсборг, па дури и неговото постоење, сѐ уште не се со сигурност утврдени, иако често се тврди дека се наоѓал на источниот ракав на реката Одра. Историчарот Лауриц Вејбул го отфрла Јомсборг како чиста легенда.
Местоположба Постоењето на Јомсборг сѐ уште не е потврдено со научни податоци, но сепак, во светло на откритијата на остатоци од добро утврдени воени логори, научниците не ја исклучуваат таквата можност. Изнесени се претпоставки дека Јомсборг би можело да биде населбата откриена кај устието на Одра, во близина на денешен Волин (Полска), но наодите таму се премногу скромни за да се дозволи такво утврдување (спореди со Винета).„Ако Јомсборг сепак не е чиста измислица“, пишува професорот од Кардифскиот универзитет, Гвин Џонс, „тој веројатно бил сместен на устието на Одра, поточно на нејзиниот источен ракав — Ѕивна, таму каде што денес се наоѓа гратчето Волин, односно Јумне на Адам Бременски“. Наспроти тврдењата на Адам, Волин секако никогаш не бил „најголемиот град во Европа“, а во неговата околина не се пронајдени ниту пристаниште за 360 големи брода, ниту остатоци од тврдина (освен ако за такви не се смета блискиот рид Силберберг). Како и да е, археолошките наоди сведочат дека населението во градот било мешано — скандинавско-словенско.
Историја и значење Според сагите, Јомсборг бил голема тврдина со пространо пристаниште што можело истовремено да прими 360 големи брода. Оттука, викинзите преземале напади врз Норвешка, Шведска, Англија, Данска и други земји.
Откако викинзите од Јомсборг во 986 г. претрпеле пораз од норвешкиот јарл Хокон, кој се стремел да се ослободи од данската превласт, Јомсборг изгубил голем дел од своето влијание. Меѓутоа, тој продолжил да биде независно воено упориште на викинзите сѐ до 40-тите години на XI век, кога бил освоен од норвешкиот конунг Магнус Добриот.
За јомсвикинзите Јомсборг бил главната база на заедницата на јомсвикинзите, во која се одржувала најстрога дисциплина и каде што не бил дозволен пристап за жени. Меѓу викинзите во Јомсборг немало луѓе помлади од 18 ниту постари од 50 години. На воините им било забрането да отсуствуваат од тврдината подолго од три дена. Сите тие му се потчинувале на законот за одмазда за паднатиот соборец. За најголем срам за еден викинг од Јомсборг се сметало покажувањето кукавичлук или непредавањето на запленетиот плен на заедницата, која била должна да го подели добитокот од борбата меѓу сите воини. Меѓу викинзите биле забранети какви било кавги. Прекршителите на обичаите на Јомсборг биле протерани од заедницата.
Наводи
Категорија:Историја на Померанија Категорија:Историја на Скандинавија __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__