Санта Крус () е покраина во Аргентина, сместена во јужниот дел на земјата во Патагонија. Се граничи со покраината Чубут на север, и Чиле на запад и југ. На исток се граничи со Атлантикот.

Географија и клима Јужниот дел од покраината се наоѓа во студениот појас и има изобилство на ледници.

Просечната температура изнесува 13 °C во лето и 3° во зима, со падови до -25°. Дождови има само до 200 мм годишно.

Реки кои течат во оваа област се Десеадо, Санта Крус, Галегос, Којле, Чико и Пинтурас.

Стопанство Најпозната гранка на индустријата е петролејството со годишно производство од 4,5 милиони м3]] нафта и 3 милиони м3 гас, најмногу во рафинериите Пико Трункадо, „Кањадон Секо“ и „Серо Редондо“.

Се копа и јаглен (во „Рио Турбио“) со околу еден милион м3 годишно. Има и рудници на злато („Серо Вангардија“), глина, гипс, сол и др.

Административна поделба Провинцијата има 7 департмани:

Департмант (Главен град)

Корпен Аике (Пуерто Санта Крус) Десеадо(Пуерто Десеадо) Гуер Аике (Рио Галегос) Лаго Аргентино (Ел Калафате) Лаго Буенос Аирес (Перито Морено) Магаланес (Пуерто Сан Хулиан) Рио Чико Департман (Гобернадор Грегорес)

Поврзано Административна поделба на Аргентина

Надворешни врски Портал на покраината Санта Крус Ел Калафате Ел Чалтен Туризам Туризам

Категорија:Покраини во Аргентина Категорија:Држави и територии настанати во 1957 година