мини|Хенри II Побожниот од Полска бил убиен во Битката кај Легница. мини|Сцена од олтар во црквата Света Хедвига Шлеска: Монголски воини ја прикажуваат главата на Хенри II Побожниот Полски на долго копје во обид да го ослабат моралот на бранителите. Слика од 1430 година.

Битката кај Легница (), позната и како битка кај Лигниц () или битка кај Валштат () — битка која се водела помеѓу Монголската империја и здружените европски сили кај селото Легничко Поле (Валштат), приближно 10 km југоисточно од градот Легница во Војводството Шлеска на 9 април 1241 година.

Здружена сила од Полјаци и Моравци под команда на војводата Хенри II Побожниот од Шлеска, и поддржана од феудалното благородништво, како и неколку витези од воени редови испратени од папата Григориј IX, се обидела да ја запре монголската инвазија на Полска. Битката се случила два дена пред монголската победа над Унгарците во многу поголемата Битка кај Мохи.

Историски спорови Како и кај многу историски битки, точните детали за составот на силите, тактиките и самиот тек на битката недостасуваат, а понекогаш се и контрадикторни.

Општиот историски став е дека ова било катастрофален пораз за полските и моравските сили, каде што претрпеле големи загуби.

Еден од монголските водачи, Кадан, честопати бил помешуван со внукот на Огедеј, Каиду, од страна на средновековните хроничари, и затоа Каидучестопати погрешно се наведувал како водач на монголските сили кај Легница.

Наводи

За понатамошно читање

Надворешни врски The Annals of Jan Dlugosz – Sample Text Written by Jan Dlugosz between 1455 and 1480. Mongol Invasion of Europe in 1241 TEMPLARIUSZE W WALCE Z NAJAZDEM MONGOLSKIM NA POLSKĘ W 1241 ROKU- Edmund Burzyński's article on the Templar participation (see pages 22–24 for an English summary) Battle of Liegnitz 9 april 1241 Marco E Luca website Video: Mongol invasion of Europe TEMPLARIUSZE W WALCE Z NAJAZDEM MONGOLSKIM NA POLSKĘ W 1241 ROKU - Edmund Burzyński's article on the Templar participation (see pages 22–24 for an English summary)

Категорија:Битки на Бохемија Категорија:Историја на Шлеска Категорија:Координати на Википодатоците