мини|Царот Јустинијан (527-565) и неговата свита (базилика Сан Витале во Равена). Хартулариј () — доцноримски и византиски административен службеник, задолжен за административни и финансиски должности, или како подреден службеник на оддел или покраина или на чело на разни независни бироа.
Историја Името потекнува од латинскиот збор од (првично од грчкиот ), поим што се користел за официјални документи и е потврден од 326 година, кога хартулриите биле вработени во канцелариите (scrinia) на високите функции на римската држава (преторијанската префектура, официумот на magister militum, итн.).. Првично ниски службеници, до 6 век тие се зголемиле по важност, до степен што Петар Патрицијан, кога прави разлика помеѓу цивилни и воени службеници, ги нарекува првите хартуларии. . Од 7 век па натаму, хартулариите можеле да бидат вработени како раководители на одделенија во рамките на фискален оддел (sekreton или logothesion), како раководители на независни одделенија или во тематската (провинциска) и тагматска администрација, иако е забележано и повремено назначување на хартулариите на чело на војските. Црковното соодветство се нарекувало хартофилакс. И двата поими понекогаш се користеле наизменично.
Наводи
Извори
Категорија:Византиски титули Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ