Па де Кале (; ; ) — дерпатман во северна Франција, чие име во превод значи „Проток на Кале“, францускиот назив за Доверскиот Проток, со кој се граничи. Има повеќе општини од сите департмани во земјата (вкупно 890), но го зазема 8-мото место по населеност. Населението брои 1.465.278 жители (2019).Populations légales 2019: 62 Pas-de-Calais, INSEE Се граничи со департманите Север и Сома, а со Англија е поврзан преку Евротунелот.

Историја Подрачјето е населено уште од праисторијата. Подоцна тука живееле келтските Белги, Римјаните и германските Франки и Алемани. За време на IV и V век, римската практика на употреба на германските племиња за воени и одбранбени услуги долж патот од Булоњ на Море до Келн во областа создала германско-романска јазична граница која постоела сè до VIII век.

Саксонската колонизација на ова подрачје од V до VIII век веројатно ја поместиле јазичнага граница на југ и запад, така што до IX век највеќето жители северно од линијата помеѓу Бетин и Берк говореле дијалект на среднохоландскиот, а оние на југ говореле дијалект на пикардски.

Јазичната граница е забележлива и денес по топонимите и патронимите во областа. Почнувајќи од IX век јазичната граница постепено почнала да се поместува на север и исток.

Па де Кале е еден од изворните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 г. Направен е од делови од поранешните покраини Калези (некогашно англиско владение), Булоне, Понтје и Артоа, од кои последната била дел од Шпанските Ниски Земји.

Во овој крај се одиграле некои од најтешките битки во Првата светска војна. На 8 км од Арас се наоѓа канадскиот споменик кој ги чествува паднатите во офанзивата на сртот Вими во Битката кај Арас во 1917 г. и претставува најважен кандаски воен споменик во Европа.

Па де Кале била цел на Операцијата Фортитјуд за време на Втората светска војна, со која Сојузниците планирале да ги измамат Германците дека инвазијата на Европа на денот Д ќе се случи тука наместо во Нормандија.

Географија 280x280п|мини|Градови > 10.000 жители мини|десно|300п|Поглед на англискиот брег од Па де Кале

Па де Кале се наоѓа во денешниот регион Горна Франција и е обиколен од департманите Север и Сома, протокот Ламанш и Северното Море. Дели поморска граница со англиската грофовија Кент, која се протега половина пат од Евротунелот.

Поголеми реки се следниве:

Оти Канш Терноаз Лијан Сансе Скарп Дел Лис А

Поголеми населени места

Најголеми градови на крајбрежјето се Кале и Булоњ на Море, а во Артоа тоа се Арас, Ланс, Лиевен и Бетин. Најнаселена општина е Кале; префектурата Арас е втора по населеност. Во 2019 г. имало 10 општини со преку 15.000 жители:

Општина Население (2019) Кале 72.509 Арас 41.694 Булоњ на Море 40.251 Ланс 31.461 Лиевен 30.112 Енен Бомон 25.992 Бетин 25.039 Брие ла Бисјер 21.903 Авион 17.625 Карвен 17.557

Стопанство Стопанството во департманот долго време било зависно од рударството, претежно од јагленокопите кај градот Ланс, каде бил откриен јаглен во 1849 г. Меѓутоа, по Втората светска војна стопанството станало поразновидно.

Население Па де Кале се вбројува во најгусто населените департмани во Франција, но нема ниеден град со повеќе од 100.000 жители: Кале има 73.000. Остатокот од населението е претежно во рударскиот крај долж границата со департманот Север, каде низа мали гратчиња сочинуваат населено подрачје од приближно 1,2 милиони. Центарот и југот на департманот се порурални, но сепак доста населени, со многу села и мали гратчиња.

Иако во департманот се одиграле некои од најтешките битки во Првата светска војна, бројноста на населенито се повратила по двете војни. Сепак, многу рударски места претрпеле иселувања, во некои случаи преполовувајќи им го населението.

Еве ја бројноста на населението во департманот од 1801 г. наваму:

Образование мини|325x325п|Универзиетот на Артоа во Ланс. Департманот денес има два универзитета. Иако е меѓу најнаселените департмани во државата, Па де Кале немал ниеден универзитет сè до 1991 г. кога владата решила да отвори два: Универзитетот на Опалниот Брег во западниот дел на департманот и Универзитетот на Артоа во источниот.

Галерија на места и знаменитости

Поврзано Општини во Па де Кале Кантони во Па де Кале Окурзи во Па де Кале Горна Франција

Наводи

Надворешни врски

Вики посветено на Па де Кале Мрежно место на префектурата Мрежно место на департманскиот совет Туристички портал на Па де Кале Краток регионален туристички водич Грбови на општините во Па де Кале

Категорија:Департмани во Горна Франција Категорија:Држави и територии настанати во 1790 година