мини|Растение одгледано во култура in vitro Ин витро ( - „во стакло“) – истражувања што се изведуваат на клетки или биолошки молекули надвор од нивната нормална биолошка средина. На пример, протеините или клетките се одржуваат во вештачки медиум за култура. Колоквијално наречени „опити во епрувета“, овие истражувања во биолошките науки традиционално се изведувале во епрувети, колби, Петриеви садови и други, обично стаклени, садови. Денес, тие вклучуваат низа техники што се користат во молекуларната биологија, како што се науките чии имиња завршуваат на -омика (геномика, протеомика, итн.). Ibrulj S., Haverić S., Haverić A. (2008): Citogenetičke metode – Primjena u medicini. Institut za genetičko inženjerstvo i biotehnologiju (INGEB), Sarajevo, .Hadžiselimović R., Pojskić N. (2005): Uvod u humanu imunogenetiku. Institut za genetičko inženjerstvo i biotehnologiju (INGEB), Sarajevo, .Bajrović K., Jevrić-Čaušević A., Hadžiselimović R., Ed. (2005): Uvod u genetičko inženjerstvo i biotehnologiju. Institut za genetičko inženjerstvo i biotehnologiju (INGEB), Sarajevo, . Истражувањата спроведени со користење на компоненти на организмот кои се изолирани од нивните нормални биолошки средини овозможуваат поподробни или попогодни анализи отколку што може да се направат на целиот организам. Спротивно на тоа, истражувањта ин виво се оние спроведени на цели организми: животни, вклучувајќи луѓе и растенија.

Примери за ин витро истражувања:

изолација, раст и идентификација на микроорганизми; клетки добиени од повеќеклеточни организми (култура на животински клетки или култура на ткиво); супклеточни компоненти (на пр. митохондрии или рибозоми); клеточни или супклеточни екстракти (на пр. екстракти од пченични никулци или ретикулоцити); прочистени молекули (често протеини, ДНК или РНК, поединечно или во комбинација); комерцијално производство на антибиотици и други фармацевтски производи. Вирусите, кои можат да се реплицираат само во живи клетки, се изучуваат во лабораторија во клеточни и ткивни култури, а многу вирусолози сметаат дека таквата работа се изведува под етикетата „ин витро“ за да се разликува од „ин виво“ работата на цели животни или растенија.

Поврзано In vivo Ex vivo In situ In natura In silico In papyro In utero

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Латински изрази Категорија:Микробиологија