Ќупќој или Ќуп Ќој (, Проти; до 1927 г. Κιούπκιοϊ, Ќупќој; ) — село во Зихненско, Егејска Македонија, денес во општината Ениќој на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 907 жители (2021).

Потекло и значење на името Според Јордан Н. Иванов, името потекнува од два турски збора: ќуп (küp), со значење „грне“, и ќој (köy), со значење „село“, „село на ќупови“, што се однесувало на развиеното грнчарство. Истото потекло го наведува и Тодор Симовски.

Географија и местоположба Селото е сместено во областа Зихна, југоисточно од Зелјахово, северозападно од Правишта и југозападно од Драма, во северозападните падини на Кушница, на надморска височина од 310 м. Низ селото тече реката Ќој Дере (Бортан), на која се наоѓаат неколку стари мостови.

Историја

Среден век На 4 км источно од селото, на возвишение на Кушница (915 м) се среќаваат остатоците на раносредновековната тврдина Шејтан-кале.

Во Отоманското Царство Постои мислење дека Грците од Ќупќој по етничко потекло всушност се Турци-христијани (Гагаузи), кои под влијанието на Цариградската патријаршија постепено се погрчиле. За оваа претпоставка сведочат самото име на селото, како и презимињата на голем број од месните жители, кои се од турско потекло.

Во XIX век Ќупќој било мешано грчко-турско гратче во Зихненската Каза на Серскиот Санџак. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница. Според грчка статистика од 1866 г. во Ќупќој живееле 1.750 Грци и 250 Турци.Σχινά, Ν. "Οδοιπορικαί σημειώσεις, Μακεδονία", τόμος Β', Εν Αθήναις 1866, цитирано по официалния сайт на Дем Зиляхово

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Купќой (Kup keuï) имало 291 домаќинство со 100 жители муслимани и 750 жители Грци. Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во Ќуп-Ќој имало 20 македонски, 254 грчки и 45 турски домаќинства.

  Во 1891 година Георги Стрезов напишал:Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото Ќуп Ќој имало 1.350 жители, од кои 1.000 Грци, 250 Турци и 100 Македонци. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.500 Грци.

Во Грција По Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 2.363 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 2.796 лица. Во 1916–1918 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во март 1918 г. го завеле селото со 2.501 жител.Цокова, Полина. Дейността на Неврокопската митрополия в периода на войните 1912-1919 година, Исторически преглед, книжка 1-2, 2009, с. 105.

Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 40 бегалски семејства (вкупно 151 бегалец), така што селото повторно станало бегалска населба. На 7 ноември 1924 г., вооружени групи на мештани повредиле 17 од новодојдените бегалци, претежно жени, палејќи шатори, штали, амбари и ограбувајќи ги нивните багажи. Овој инцидент брзо ескалирал, поради што многу селани биле повредени. Иако бегалците се повлекле и засолниле во соседното гратче Радулево, групите ја уништиле и запалиле бегалската населба.εφημερίδα Εμπρός, «Αιμαρτηρά επίθεσις κατά των προσφύγων», 7 Νοεμβρίου 1924Άρθρο σχετικά με συμπλοκές γηγενών και προσφύγων στον νομό Σερρών, εφ. Εμπρός, 7/11/1924

Во 1927 година, името на селото било променето во Проти (Πρώτη), во превод „прво“.

Во 1941 г. Ќупќој е повторно окупиран од Бугарија, кога броел 3.843 жители. +Места во заедницата Ќупќој преименувани со службен указ на 6 јули 1968 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписБариΜπάρεςЛеканиΛεκάνηмесност на С од ЌупќојЗиграΖίγραСволотопиΣβωλοτόπιмесност на СИ од ЌупќојУзун АланΟύζούν ΆλανСтенотопиΣτενοτόπιвозвишение на Кушница на И од ЌупќојМурвасилаΜουρβάσιλαВисиноремаΒυσινόρεμαрека на СИ од ЌупќојБортанΜπορτάνοςАналипсеос Р.Άναλήψεως Ρ.река која тече низ селотоКличакΚλειτσάκοςПротис Р.Πρώτης Ρ.река која тече низ селотоОсман БаирΌσμάν ΜπαΐρЕпимикесΈπίμηκεςвозвишение на СЗ од Ќупќој (239,5 м)

Стопанство Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството.

Население

Општествени установи

Полициска станица

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта

Шејтан-кале — тврдина од раниот среден век

Цркви Црква „Св. Петка“ од 1844 г. Ќупќојски манастир („Вознесение Христово“) Мостови

Солинарудски мост — стар камен мост на реката Ќој Дере Светиилиски мост — стар камен мост над селото

Личности Родени во Ќупќој

Ангелос Ангелусис (1914–2012) — грчки политичар Аргириос Псарис (1913–1985) — грчки политичар Ахилеас Караманлис (р. 1929) — грчки политичар од редовите на Нова демократија Георгиос Караманлис (1880–1932) — грчки учител и револуционер Константин Караманлис (1907–1998) — четирикратен премиер и двократен претседател на Грција Неофит VIII Цариградски (1832–1909) — Вселенски патријарх од 1891 до 1894 г. Фидијас Великис (р. 1940) — грчки политичар

Наводи