Драган Крушкаровски (1956 - 1999) — македонски поет.
Биографија Драган Крушкаровски е роден во 1956 година во Илинден, Скопје.
По дипломирањето на отсекот за книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, работел како лектор и новинар во весникот „Железничар“. Првата негова стихотворба носи наслов „Двери“ е издадена во 1992 година, а втората „Палимпсест“ е издадена во 1999 година. Во 1999 година, многу млад, на 43 годишна возраст умира како последица од сообраќајна несреќа.
Насловот на првата негова стихотворба „Двери“, е општо име и се препознава како архаизам во нашиот јазик, кој и денес се употребува за врати, односно капии на старите зданија. Вториот наслов „Палимпсест“ е книжевноисториски феномен што се сретнувал во средновековната книжевност при преписите на светите евангелија од страна на црковните луѓе во периодот на ширење на христијанското учење. Во негова чест, во 2001 година Општина Илинден ја одржа првата Културна манифестација под наслов „Илинден 2001“, литературна средба на ниво на општината и градот. Оваа манифестација стана традиционална и меѓународна, со учество на многу значајни и истакнати учесници од земјата и странство. Оваа манифестација и денес се одржува под името „Литературни средби Илинден“.
Поврзано Илиден
Категорија:Македонски поети