Чарлстон за Огненка, меѓународно познат и како Чарлстон и Вендета или Погребни невести е српски филм од 2008 година.

Филмот го режирал Урош Стојановиќ, а главните улоги ги толкуваат Соња Колачариќ, Катарина Радивојевиќ, Ненад Јездиќ, Стефан Капичиќ и Оливера Катарина.

Премиерата во Србија била на 30 јануари 2008 година во белградскиот Сава центар. Направен со буџет што надминува 4 милиони евра, филмот бил снимен во текот на летото 2005 година како најскапиот српски филм дотогаш. Филмот имал долга постпродукција поради специфични CGI барања.

Музичката партитура ја направил јапонскиот композитор Шигеру Умебајаши. Продукциските и дистрибутивните компании на Лук Бесон, „Блу Пен“ и „ЕуропаКорп“, ги имаат правата за дистрибуција на филмот на странскиот пазар.

Во септември 2008 година, филмот бил прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто 2008 г. како дел од програмата „Вангард“ на фестивалот. Бил прикажан и на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара 2009 година. Во август пак премиерно бил прикажан во Франција.

Заплет Заплетот на филмот се одвива во текот на 1920-тите години во Србија по Првата светска војна. По исцрпувачкиот вооружен конфликт во кој земјата изгубила значителен дел од својата млада машка популација, нацијата се бори демографски да се опорави. Ситуацијата е особено видлива во одредени рурални делови каде што овој недостаток на мажи се заканува целосно да го изгасне животот.

Две сестри, Огненка и Мала Богиња од измислено село во кое нема мажи на возраст за брак, тргнуваат кон градот во потрага по добри мажи што ќе ги доведат дома.

Наводи

Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Србија Категорија:Филмови од 2008 година Категорија:Српски филмови