Касио Роуд, исто така познат како спортски терен Вест Хертс, — повеќенаменско здание и спортски терен во Вотфорд, Англија. Бил домашен терен на фудбалскиот клуб Вотфорд од 1898 до 1922 година и е домашен терен на фудбалскиот клуб Вест Хертс од 2004 година.
Историја На почеток на дваесетти век, Касио Роуд се користел за атлетика, крикет и фудбал. До 1920 година, гледачките зданијата вклучувале павилјон и покриени места за стоење на западна аут-линија и покриена тераса зад северниот крај на теренот.
Вотфорд по пат на промоција во 1920 година започнал да игра во Фудбалска лига, а првиот натпревар од лигата одигран на Касио Роуд бил пораз од 2-0 од КПР на 4 септември 1920 година, следен од 10.466 гледачи. Најголемата посетеност на стадионот била 13.000 гледачи за локалното дерби со Лутон Таун на 25 март 1921 година.Paul Smith & Shirley Smith (2005) The Ultimate Directory of English & Scottish Football League Grounds Second Edition 1888–2005, Yore Publications, p18,
Во 1922 година, Вотфорд се преселил на стадион „Викариџ Роуд“. Последен лигашки натпревар на Касио Роуд се одиграл на 29 април 1922 година, кога Вотфорд го победил Џилингам со 1-0 пред 5.000 гледачи. Стадионот останал отворен како спортски објект.
Наводи
Категорија:Фудбалски стадиони во Англија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:ФК Вотфорд