Tavern Talk (македонски: Муабети во крчмата) — визуелна новела развиена од страна на Gentle Troll Entertainment, објавена на 20 јуни 2024 г. за Nintendo Switch и Steam. Играчите ја преземаат улогата на крчмар во фантастичен свет, кој служи пијалаци и општи со патешественици во волшебна средновековна средина.
Играчки процес Играчите треба да мешаат различни пијалаци и напитоци за муштериите. Секој рецепт има различни дејства врз статистиките на ликовите, што може да влијае на нивната приказна. Исто така, играчите можат да објавуваат задачи за патешествениците. Кога посетителите се враќаат од патешествијата, можат да донесат предмети со кои крчмарот може да ја украси својата крчма.
Приказна Дејството на играта го следи сопственикот на „Крчмата на патникот“, крчма во фантастичната земја Астерија. Играчот мора да служи пијалаци и да општи со различни патешественици што ја посетуваат крчмата, вклучувајќи виленици и вампири. Додека разговараат со разните патешественици, тие откриваат повеќе за митологијата на древната закана што се појавува во Астерија.
Развој Играта е развиена од инди-студиото Gentle Troll Entertainment. Вдахновението за играта потекнува од столните игри со улоги како што е Dungeons & Dragons, како и од визуелните новели како VA-11 Hall-A (2016) и Coffee Talk (2020).
Бесплатна демо-верзија на играта била објавена на платформата Steam на 10 јуни, додека целосната верзија била објавена на 20 јуни 2024 г. Развојот на играта бил финансиран преку страницата за групно финансирање Kickstarter, каде што за само еден ден била собрана сума што двојно ја надминала првичната цел од 20.000 евра.
Оценки Играта во целост добила потврдни одзиви од критичарите.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Mac OS X Категорија:Игри за Nintendo Switch