Питер Волас — англиски или шкотски буканир кој, во 1638 година на бродот „Свалоу“, ја основал првата англиска населба во денешен Белиз. Историчноста на Волас е предмет на дебата. Тој не се споменува во никакви извори сè до Хондурасовиот алманах од 1829 година, а неколку научници го сметаат за легендарен протагонист на митот за основањето на земјата, а не за вистинска историска личност.
Буканиринг Се веувало дека во 1638 година, Волас се истоварил во Сволоу Кеј на бродот „Сволоу“, со екипаж од околу 80 британски лица. Ова понекогаш се смета за прва немајска, нехиспанска населба во денешен Белиз.
Наследство
Социјално Волас станал предмет на локални пиратски митови и легенди до 1830-тите години, произлезени од Хондурасовиот алманах од 1829 година. Се верува дека Свалоу Кеј бил именуван по Свалоу. Слично на тоа, понекогаш се тврди дека топонимот „Белиз“ е шпанска посредувана измена на „Волас“.
Научно
19 век Се смета дека најраното печатено споменување на Волас било во Хондурасскиот алманах од 1829 година, во кој се наведува дека „Волис“ бил „поручник помеѓу Буканирите кои порано ги напаѓале овие мориња [Хондураскиот залив]... [и кој] прв го открил устието на реката Белиз“. Истата публикација дала дополнително известување за Волас во 1839 година, забележувајќи дека основањето на Белиз се должи на Волас.
Оваа информација брзо била популаризирана од Џон Лојд Стивенс, кој на 30 октомври 1839 година, слетал во Белиз со Фредерик Катервуд на пат кон урнатините на Маите во Гватемала. Приказната била дополнително збогатена од Хусто Сиера О'Рајли на 5 септември 1849 година и повторувана низ целата научна и лаичка книжевност од 19 век.
Денес Неодамнешната книжевност и теорија од 21 век се стреми кон агностицизам во однос на идентитетот и историчноста на Волас. Сепак, некои научници го сметаат овој тренд за „неточен“, тврдејќи дека Волас е очигледно апокрифен. Историчарите Барбара и Виктор Булмер-Томас во 2016 година изјавиле дека бајменските писатели Џорџ Вестби и Томас Пиксток, како и јамајканскиот историчар Џорџ Вилсон Бриџис, го рашириле извештајот за основањето на Белиз од страна на Волас во 1820-тите години, и покрај недостатокот на примарни извори. Тие понатаму забележале дека „обемното пребарување на пират по име „Волас“, „Волис“ или „Вилис“ во 17 век открива, неизненадувачки, дека не постоела таква личност“. Оваа анализа била дополнително поткрепена од историчарот Метју Рестал, кој спровел сопствено истражување и заклучил дека „доколку Волас постоел, барем еднаш ќе бил споменат во изворите од седумнаесеттиот или осумнаесеттиот век. Но, нема ниту едно спомнување за Волас во ниту еден од печатените извори од таа ера.“
Белешки и наводи Наводи
Белешки
Извори
Категорија:Карипски пирати Категорија:Британски пирати