thumb|right|Џејмс Белич, 2008 Професор Џејмс Белич (англ. James Belich) ОРЗНЗ (р. 1956) е новозеландски историчар, познат авторитет на тема Новозеландски војни.
Белич е од југословенско потекло (веројатно со изворно презиме „Белиќ“), а роден е во Велингтон во 1956, како син на Сер Џејмс Белич, подоцнежен лабуристички градоначалник на Велингтон.
Магистрирал историја на велингтонскиот универзитет Викторија, па добил стипендија и заминал за Оксфорд каде учел докторат. Неколку години предавална универзитетот Викторија во Велингтон пред да се префрли на Оклендскиот универзитет, каде е професор.
Делото „Новозеландски војни“ (The New Zealand Wars) (1987) се заснова на неговата докторска дисертација, и истата ја добила меѓународната Тревор Ризова Спомен-награда. Подоцна книгата била обработена во низа влијателни документарци за Телевизија Нов Зеланд.
Книгата Нема да умрам: Војната на Титоковару (I Shall Not Die': Titokowaru's War) (1990), која се заснова на неговата магистерска дисертација, добила високи оценки и Адамовата Награда за новозеланска книжевност.
Белич има напишано и двотомно дело со наслов Историја на Новозеланѓаните (A History of the New Zealanders), кое се состои од Создавање народи (Making Peoples) (1996) и Пресоздадениот рај (Paradise Reforged) (2001).
Во 2006 кралицата Елизабета II го прогласила Белич за Офицер на Редот за заслужност на Нов Зеланд за неговите заслуги во историското истражување.
Надворешни врски Мрежно место на Оклендскиот универзитет Лична страница при Оклендскиот универзитет
Поврзано Историја на Нов Зеланд Новозеландска книжевност Новозеландски војни
Категорија:Новозеландски историчари Категорија:Оклендски универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1956 година