Iron Lung (македонски: Железен бел дроб) — американски научнофантастичен филм на ужасите од 2026 г., напишан и режиран од Марк Фишбах (потпишан со неговиот интернет-псевдоним Маркиплаер) во неговото деби како режисер на долгометражен филм. Филмот е заснован на истоимената игра од 2022 г. на Дејвид Шимански. Главните улоги ги толкуваат Фишбах, Каролин Роуз Каплан, Трој Бејкер, Елси Лавлок, Ел Ламонт, Шон Маклоклин и Ајзак Меки.
Дејството го следи осуденикот по име Сајмон (Фишбах), кој е принуден да управува со подморница низ океан од крв на пуста месечина, откако настанот познат како „Тивко грабнување“ предизвикува исчезнување на поголемиот дел од човештвото и на сите ѕвезди без никакво предупредување.
Iron Lung бил пуштен во кинораспределба во Северна Америка, како и во делови од Европа и Океанија, на 30 јануари 2026 г. Филмот добил мешани одзиви од страна на критичарите и постигнал успех во кината, заработувајќи 51,2 милиони долари со буџет за производство од 3 милиони долари.
Премиерата на филмот во Македонија била на 13 февруари 2026 г.
Содржина Во постапокалиптична иднина по настанот „Тивкото грабнување“, осуденик истражува крвав океан на пуста месечина користејќи подморница наречена „Железен бел дроб“ за да бара исчезнати ѕвезди/планети.
Улоги
| Марк Фишбах || Сајмон |- | Каролин Роуз Каплан || Ава
Наводи
Надворешни врски Матична страница
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Американски научнофантастични филмови