Свиња (, џу) — дванаесеттиот од дванаесетгодишниот циклус на животни во кинескиот зодијак поврзан со кинескиот календар и хоролошки систем.
Во кинеската астрологија, „зодијачките“ животни се однесуваат на предодредени циклуси од дванаесет животни. Истиот дванаесетчлен циклус важи и за години и за часови. За годините, ова одговара на дванаесетгодишниот циклус на Јупитер. За часовите, дванаесетте часови ги претставуваат дванаесетте двојни часови за секој период од денот и ноќта. Во постојаниот шеесетгодишен циклус, секоја дванаесетта година е хај (亥) — дванаесеттата од дванаесетте земски гранки); оваа повторлива дванаесетта година се нарекува Година на свињата (豬年).
Постојат пет вида свињи, наречени според елементите. По редослед, тие се: метални, водни, дрвени, огнени и земски. Тие одговараат на небесните стебла. Така, имаме пет свински години во шеесетгодишниот циклус. На пример, за годината 2019, земска гранка е дванаесеттата (хај), а небесно стебло е шестото, (ѓи, 己. Кинеската Нова година во 2019 е на 5 февруари: ова е почеток на шеесетгодишната година ѓи хај и зодијачката година на земјената свиња.
Во јапонскиот и тибетскиот зодијак ова животно се нарекува дива свиња. Во дајскиот зодијак свињата е заменета со слон. гуруншкиот зодијак наместо свиња има елен. Малајскиот зодијак наместо свиња има желка.
Свињата во легендата за зодијакот Според легендата за настанокот на зодијакот, свињата последна пристигнала на големиот собир свикан од митскиот Жаден Цар. Според дрги извори, собирот го свикал Буда пред да замине од овој свет, и свињата дошла последна.
Друга легенда вели дека Жадниот Цар приредил трка за да го определи редоследот на зодијачките животни. Свињата стасала долго по сите други животни, и царот ја чул во последниот миг пред да ја прогласи трката за завршена. Во текот на трката, свињата огладнела, запрела да јаде и толку се најала што веднаш заспала. По подлого време таа сепак дошла, и го добила последното (дванаесетто) место во зодијакот.
Годините и петте елементи
Свињата и елементите Природниот елемент на свињата е водата. Затоа таа често се поврзува со чувства и претчувства. Сепак, бидејќи заедно со елементите (небесно стебло), животинскиот зодијак (наречен земско стебло) исто така следи циклус, секој од елементите влијае врз својствата за истото земско стебло.
Меѓутоа, свињата е јин, па затоа можат да имаат само негативни аспекти на елементите. Оттука постојат само 5 вида на свиња во зодијакот. Тие се следниве: 乙亥 (јихај) — дрвена свиња 丁亥 (дингхај) — огена свиња 己亥 (ѓихај) — земјена свиња 辛亥 (синхај) — метална свиња 癸亥 (гуејхај) — водна свиња
Години на свињата
Луѓето родени во овие датумски опсези се родени во „година на свињата“, и тоа со следниве елементни признаци:
Почетен датум Завршен датум Небесна гранка 4 февруари 1935 23 јануари 1936 дрвена свиња 22 јануари 1947 9 февруари 1948 огнена свиња 8 февруари 1959 27 јануари 1960 земјена свиња 27 јануари 1971 14 февруари 1972 метална свиња 13 февруари 1983 1 февруари 1984 водна свиња 31 јануари 1995 18 февруари 1996 дрвена свиња 18 февруари 2007 6 февруари 2008 огнена свиња 5 февруари 2019 24 јануари 2020 земјена свиња 23 јануари 2031 10 февруари 2032 метална свиња 10 февруари 2043 29 јануари 2044 водна свиња 28 јануари 2055 14 февруари 2056 земјена свиња 14 февруари 2067 2 февруари 2068 огнена свиња 2 февруари 2079 21 јануари 2080 земјена свиња 18 февруари 2091 6 февруари 2092 метална свиња 7 февруари 2103 28 јануари 2104 водна свиња
Час на свињата Традиционално секое деноноќие се делело на 12 двојни часови, и секој час има свое животно со сличен симболичен мотив и астролошко значење. Редоследот на часовните животи е истиот со годишниот редослед. Свињата е последна во низата, и го има периодот од 21:00 до 23:00 ч., исто така наречен хај (亥).*Palmer, Martin, editor, et al, (1986). T'ung Shu: The Ancient Chinese Almanac. Boston: Shambala. , pp. 34–35 Народното верување е дека во овој временски период свињата спие, што највеќе ѝ прилега.
Часот во кој е родено лицето е вториот по важност елемент на нивната астроллошка положба. Ова во голема мера влијае врз неговиот каракер. Дури и кога лицето е родено во друг знак. На пример, родените на 20 декември 2000 г. се во годината на змејот, но ќе имаат изразито свински одлики ако се родени во часовниот период на свињата. Се смета дека се силни и жестоки како змејот, но воедно емотивни и интуитивни како свињата.
Основни астролошки елементи Земска гранка: 亥 хајЕлемент: водаПланета:МеркурСтрана на светот:север-северозападЈин-јанг: јинМесечев месец: десеттиДом: XI Карма и несвесноНадлежни часови:21:00 - 22:59Небесен војсководец:санскрит: Кимбира (кинески: 宮毘羅)Среќен цвет: лилјанСреќни броеви: 2, 5, 6, 8; Се избегнуваат: 3, 4, 9Среќни бои: жолта; Се избегнуваат: црвена, сина
Кај кинеските муслимани Некои кинески муслимани велат дека се родени во годината на хај, 亥 (дванаесеттата година од зодијакот) и со тоа го избегнуваат поимот „свиња“, бидејќи истата е нечисто животно во исламот.
Поврзано Кинеска астрологија Кинески зодијак
Наводи
Надворешни врски
Страница за свињата — Астромагазин
Категорија:Кинески хороскопски знаци Категорија:Свињи