Коњ (, , ) — седмо од дванаесетте животни во кинескиот зодијак, поврзан со кинескиот календар. Во Кина постои долга традиција на коњи во митологијата. Извесни одлики на коњската природа се сметаат за својствени на годината на коњот и оние родени во таква година (со таков знак). Коњските аспекти воедно може се присутни кај личност ако е таа е родена во коњски час. Годината на коњот е поврзана со симболот на земската гранка .

Историја Месечевиот календар се користи уште од XIV век п.н.е.. Митовите велат дека легендарниот Жолт Цар, првиот кинески цар, во 2637 г. п.н.е. го осмислил месечевиот календар, кој ги следи циклусите на Месечината. Друга легенда вели дека Жадниот Цар приредил трка на животните, за да го определи нивниот редослед на календарот. Оваа легенда датира од династијата Хан (201 п.н.е. – 220 н.е.). Почнувајќи со Танг (VIII век), зодијачките животни биле претставувани на фигури со човечко тело и животинска глава.

Годините и петте елементи

Луѓето родени во овие датумски опсези се родени во „Година на коњот“ со некој од следниве елементни знаци:

Почетен датум Завршен датум Небесна гранка 25 јануари 1906 12 февруари 1907 огнен коњ 11 февруари 1918 31 јануари 1919 земјен коњ 30 јануари 1930 16 февруари 1931 метален коњ 15 февруари 1942 4 февруари 1943 воден коњ 3 февруари 1954 23 јануари 1955 дрвен коњ 21 јануари 1966 8 февруари 1967 огнен коњ 7 февруари 1978 27 јануари 1979 земјен коњ 27 јануари 1990 14 февруари 1991 метален коњ 12 февруари 2002 31 јануари 2003 воден коњ 31 јануари 2014 18 февруари 2015 дрвен коњ 17 февруари 2026 5 февруари 2027 огнен коњ 4 февруари 2038 23 јануари 2039 земјен коњ 23 јануари 2050 10 февруари 2051 метален коњ 9 февруари 2062 28 јануари 2063 воден коњ 27 јануари 2074 14 февруари 2075 дрвен коњ 14 февруари 2086 2 февруари 2087 огнен коњ 1 февруари 2098 20 јануари 2099 земјен коњ

Основни астролошки елементи Земска гранка: вуЕлемент: оганЈин-јанг: јангМесечев месец: 7 јуни - 6 јулиСреќни броеви: 1, 4, 5, 7, 9; Се одбегнуваат: 2, 3, 6Среќни цветови: сончоглед, јасминСрреќни бои: златна, жолта, црвена, сина; Се одбегнуваат: портокалова, зелена, темнозеленаГодишно време: летоСреќни/поврзани земји: ЈАР, Мексико, Бразил, Монголија, Романија, Колумбија

Поврзано Кинески зодијак Кинеска астрологија Кинеска Нова година

Наводи

Библиографија Hale, Gill (2002). The Practical Encyclopedia of Feng Shui. New York: Barnes and Noble Books. “Chinese Zodiac: Cultural Significance.” University of Washington.

Надворешни врски

Страница за коњот — Астромагазин

Категорија:Кинески хороскопски знаци Категорија:Митски коњи