Зимски олимписки игри 2026 или ЗОИ 2026 (), официјално познати како XXV зимски олимписки игри или само Милано Кортина 2026 — зимски олимписки игри коишто се одржале од 6 до 22 февруари на повеќе места во Ломбардија и североисточна Италија.

Организацијата на игрите била доделена на заедничката кандидатура на Милано и Кортина д'Ампецо на 134. заседание на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) одржана во Лозана на 24 јуни 2019 година, победувајќи уште една заедничка кандидатура на Стокхолм и Оре. Ова се првите олимписки игри коишто официјално имаат два града домаќини; Милано главно е домаќин на натпреварите на лед, додека останатите натпревари се одржуваат во околината на Кортина, како и во долините Валтелина и Фјеме. Со тоа, ова се третите зимски и вкупно четвртите олимписки игри коишто се одржани во Италија, додека Кортина д'Ампецо по втор пат е домаќин по Зимските олимписки игри 1956.

На овие олимписки игри за првпат се одржале натпревари во скијачко планинарење како олимписки спорт, а игрите биле првите за време на претседателствувањето со МОК на Кирсти Ковентри.

Избор на град домаќин

Милано и Кортина д'Ампецо биле избрани за домаќини на 24 јуни 2019 година на 134. заседание на МОК во Лозана. Тројцата италијански членови на МОК — Франко Караро, Иво Феријани и Џовани Малаго — и двајца шведски членови на МОК — Гунила Линдберг и Стефан Холм — немале право на глас согласно Олимписката повелба.

+ Избор на град домаќин на Зимските олимписки игри 2026 Град Земја Гласови Милано и Кортина д'Ампецо 47 Стокхолм и Оре 34

Подготовки Спортски собиралишта

На игрите првенствено се користеле постојни спортски собиралишта во Ломбардија и Североисточна Италија, вклучувајќи ги оние коишто се користеле за потребите на Зимските олимписки игри 1956 во Кортина д'Ампецо и за потребите на Зимската универзијада 2013 којашто се одржала во провинцијата Трентино. Мноштвото натпревари на мраз, освен оние во карлинг, се одржуваат во Милано, додека лизгачките натпревари и оние на снег се одржуваат во Кортина, Валтелина и Вал ди Фјеме.

Ново повеќенаменско спортско собиралиште со сместивост од 12.000 седишта, дизајнирано од Дејвид Чиперфилд, било изградено во миланската населба Санта Џулија и во него се одржуваат натпреварите во хокеј на мраз. Свеченото отворање се одржало на стадионот Сан Сиро во Милано, а историската Веронска арена била местото на одржување на свеченото затворање.

Спортистите биле сместени во неколку олимписки села во зависност од местото на одржување на натпреварите во нивниот спорт, Миланското олимписко село, Кортинското олимписко село, како и во хотели.

Милано СобиралиштеНатпревариСместивостСтатусОлимписки стадион Сан Сиро — МиланоСвечено отворање75.817постојноМиланска арена за хокеј на мраз „Санта Џулија“хокеј на мраз (фаза по групи и фаза на испаѓање)12.000новоМиланска арена за хокеј на мраз „Ро“хокеј на мраз (фаза по групи)6.000постојно со привремени трибиниМилански стадион за брзо лизгањебрзо лизгање7.500Миланска арена за лизгање на мразуметничко лизгање11.500постојнобрзо лизгање на кратки патеки

Кортина д'Ампецо СобиралиштеНатпревариСместивостСтатусСкијачки центар „Тофане“алпско скијање7.000постојноБиатлонска арена во Антерселвабиатлон19.000Кортински олимписки стадионкарлинг3.000Кортински лизгачки центарбоб5.500новосанкањескелетон

Валтелина СобиралиштеНатпревариСместивостСтатусСкијачки центар „Стелвио“алпско скијање7.000постојноскијачко планинарењеЛивињски снежен паркскијање на даска2.000Слободно скијање8.400Ливињски парк за акробатски скокови и спуштање по грпки3.000

Собиралишта во Вал ди Фјеме СобиралиштеНатпревариСместивостСтатусСтадион за скијачки скокови во Предацоскијачки скокови5.000постојнонордиска комбинацијаСтадион за скијачко трчање во Тезероскијачко трчање15.000нордиска комбинација

Верона СобиралиштеНатпревариСместивостСтатусВеронска олимписка аренасвечено затворање15.000постојно

Избор на сала за брзо лизгање

За време на изборниот процес, изборниот одбор предложил натпреварите во брзо лизгање да се одржуваат на постојното лизгалиште во Базелга ди Пине. И покрај тоа што инфраструктурата веќе била готова, потребно било да се изгради кров, за којшо студиите на визводливост укажале дека би бил скап и би можел да ги надмине планираните средства. Оттука, одборот разгледал повеќе од три алтернативни можности: 1) изградба на трајно или привремено лизгалиште на павилјоните во Фјера Милано, 2) решенија за коишто би требало да се изведат значителни градежни активности или 3) одржувањето на натпреварите да се префрли во лизгалиштето „Лингото“ во Торино, за што не би биле потребни градежни работи. Салата била изградена за одржување на натпреварите во брзо лизгање на Зимските олимписки игри 2006 и по игрите се користела за организирање разни настани, како изложби, саеми и конференции. Во салата се одржале и натпреварите во истиот спорт на Зимската универзијада 2007. Во април 2023 година било проценето дека привремено лизгалиште во Фјера Милано би чинело околу 20 милиони евра, а средствата би биле обезбедени од приватни фондови. Предлогот за користење на лизгалиштето „Лингото“ бил отфрлен од управата на миланската област затоа што Торино како град бил предвиден во почетната фаза од проектот, но неговите власти подоцна се откажале. Некои од управителите коишто го офрлиле проектот биле градоначалникот на Милано Џузепе Сала, како и службеници од регионите Ломбардија и Венето. Фјера Милано била потврдена како сала за натпреварите во брзо лизгање во април 2023 година.

Штафета на олимпискиот пламен

Штафетата на олимпискиот пламен започнала на 26 ноември 2025 година со палењето на пламенот во Олимпија и завршила на церемонијата на свечено отворање на стадионот Сан Сиро на 6 февруари 2026 година во Милано. Покрај 13-те регионални единици и седум региони во Грција, пламенот поминал низ сите 110 покраини во Италија со 60 застанување во времетраење над 63 дена на растојание од околу 12.000 км.

Олимпискиот пламен бил претставен истворемено на Миланското триенале и на италијанскиот павилјон на Експо 2025 во Осака како средство за поврзување на двата збратимени града откако Милано претходно бил град домаќин на Експо 2015. Олимпискиот факел е светлосин, додека параолимпискиот е во бронзена боја. Факелите се наречени „суштински“ и се изработени од легура на рециклиран алуминиум и бронза од страна на Eni и нивната подружница Versalis, додека нацрт-изгледот бил изработен од страна на студиото на италијанскиот архитект и дизајнер Карло Рати. Тие користат биолошко гориво од обновливи материјали, произведено во биолошката рафинерија во Гела, и се дизајнирани да може да се надополнуваат до десет пати со цел да се намали бројот на произведени факели.

По палењето на олимпискиот пламен во Олимпија, на 4 декември 2025 година, во Атина се одржала церемонија на примопредавање, а оттаму бил пренесен во Рим пред да помине низ сите 110 покраини во Италија во рацете на вкупно 10.001 носач. Факелот бил во Неапол на Божиќ, во Бари на Нова година, а во Кортина д'Ампецо пристигнал на 26 јануари за одбележување на 70-годишнината од Зимските олимпски игри 1956. Додека факелот бил во Пиемонт, се одржал помен за скијачката Матилда Лоренци, којашто починала за време на тренинг во октомври 2024 година.

Штафетата на олимпискиот пламен, исто така, ги посетила сите места од списокот на светско наследство во Италија. На 29 ноември 2024 година било објавено дека членовите на италијанското комедијанско трио Gli Autogol биле официјални наратори за штафетата на олимпискиот пламен.

Медали

Медалите за игрите биле претставени во Венеција на 15 јули 2025 година. Тие биле изработени од страна на Државниот ковачки и полиграфски институт и се осмислени како две половини коишто го означуваат врвот на патот на спортистот и параспортистот, како и на сите оние коишто чекореле покрај нив по патот. Медалите имаат дизајн којшто ги нагласува емоциите и тимската работа, така што на лицето се прикажани олимписките прстени, додека на опачината се наоѓаат логото на игрите и натпис со детали за натпреварот.

Игрите Свечено отворање

Свеченото отворање се одржало на 6 февруари 2026 година на Сан Сиро во Милано под геслото „Хармонија“ (). Церемонијата била приредена од страна на Banijay Live. Креативниот директор на церемонијата Марко Балич објаснил дека хармонијата произлегува од старогрчкиот јазик и значи „собирање заедно“ во музичка смисла. Свеченото отворање, исто така, вклучувало изведби на американската пејачка Мараја Кери и италијанските изведувачи Лаура Паузини и Андреа Бочели.

Спортови

На Зимските олимписки игри 2026 се одржале 116 натпревари во 16 дисциплини, што било зголемување за седум натпревари и една дисциплина во споредба со игрите во 2022. Нови натпревари биле машките и женските двојки во спуштање по грпки во слободно скијање, враќањето на машките и женските двојки во санкање (како замена за отворениот натпревар во двојки), машките и женските екипни трки во алпска комбинација, женскиот натпревар во скијачки скокови на големата скокалница и мешаната екипна штафета во скелетон. Игрите имале највисоко учество на женски спортисти од 47% во историјата на зимските олимписки игри. Нордиската комбинација останал единствениот спорт во којшто се натпреварувале само мажи.

Мешаниот екипен натпревар во паралелен слалом во алпско скијање бил исклучен. Алпската комбинација од поединечен била претворена во натпревар во двојки. Поединечниот натпревар низ годините бележел опаѓачко учество поради растечките технички и подготвителни барања, така што бил исклучен од Светскиот куп во алпско скијање во 2020 година. Екипните натпревари во скијачки скокови и нордиска комбинација, исто така, биле заменети со натпревари во двојки, а во нордиска комбинација се скокало на големата скокалница и се скијало два пати по 7,5 км. За првпат, жените во скијачко трчање се натпреварувале на исти растојанија како и мажите.

На 138. заседание на МОК на 20 јули 2021 година, МОК го прифатил предлогот на организацискиот одбор да го додаде скијачкото планинарење како нов олимписки спорт. Овој спорт содржел три натпревари: машки спринт, женски спринт и мешана штафета. На 20 февруари 2024, Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) соопштила дека е постигната согласност со Националната хокеарска лига (НХЛ) за прекин на редовната сезона за на играчите во лигата да им се овозможи да настапат на игрите за првпат по 2014 година. Играчите од НХЛ требало да настапат и во 2022, но отпаднале поради пандемијата на КОВИД-19.

Бројките во загради го означуваат бројот на натпревари за коишто биле доделени медали во секоја дисциплина.

Свечено затворање

Свеченото затворање се одржало во Веронската арена на 22 февруари 2026 година под геслото „Убавината во акција“. Покрај културните делови, церемонијата вклучила завршни говори и формално примопредавање на организацијата на зимските олимписки игри на Француските Алпи во 2030 година. На свеченото затворање настапил светски познатиот балетан Роберто Боле од балетскиот оддел на Ла Скала. Тој и режисерот Алфредо Акатино претходно соработувале на свеченото отворање на Зимските олимписки игри 2006.

Земји учеснички

Вкупно 92 национални олимписки комитети (НОК) и Поединечните неутрални спортисти обезбедиле учество на игрите.

Олимписките комитети на Русија и Белорусија останале суспендирани поради прекршување на олимпиското примирје со руската инвазија на Украина во 2022 година. Слично како и на Летните олимписки игри 2024 во Париз, поединечни руски и белоруски спортисти на игрите во 2026 настапиле како „Поединечни неутрални спортисти“ без национална определба. Поединечните неутрални спортисти најпрвин било потребно да добијат одобрение од меѓународната федерација во нивниот спорт, а потоа и од панелот на МОК.