Змија (, , ) — шестото од дванаесетте животни во кинескиот зодијак поврзан со кинескиот календар. Годината на змијата е поврзана со симболот на земската гранка 巳.Snake Horoscope Information Retrieved 28 August 2012. Освен употребата во годишни циклуси, зодијачката змија се користи и за време од денот. Змиите имаат долга и сложена улога во кинеската митологија и култура.
Други употреби Истите дванаесет животни служат и како означувачи на часовите во деноноќието, каде секое од нив има двочасовен (двоен часовен) период. Часот на змијата е од 9:00 до 11:00 наутро кога Сонцето ја загрева Земјата и змиите излегуваат од дупките. Месецот на змијата е четвриот месец од кинескиот месечев календар и обично се паѓа помеѓу мај и јуни, зависно од претворањето.
Причината што животинските знаци се сметаат за зодијачки е тоа што се смета дека карактерот на животното влијае врз времето на раѓање на лицето, заедно со елементните аспекти на животинските знаци во рамките на шеесетгодишниот циклус. Годината на даденото животно исто така се карактеризира со него, и оттука се смета дека родените во таа година ги имаат одликите на знакот.
Смболика Во кинеската симболика змиите се сметаат за интелигентни, но немаат голема морална совест.Eberhard, sub "Snake (She)", стр. 268.
Мит за потеклото Според една легенда, редоследот на животните во календарот бил определен во трка, по редоследот на пристигнувањето кон целта. Во оваа приказна змијата, како слаб пливач, се качила на копитото на коњот. Пред коњот да ја заврши трката, змијата скокнала, го уплашила коњот, и така го зела шестото место.
Годините и петте елементи Според кинеските и другите сродни традиции, луѓето родени во датумските опсези на извесни години се родени во „Година на змијата“. Секоја змиска година одговара на циклус на промени на петте елементи. Следи табела на змиски години и нивните елементни знаци:
Почетен датум Завршен датум Небесна гранка 10 февруари 1929 29 јануари 1930 земјена змија 27 јануари 1941 14 февруари 1942 метална змија 14 февруари 1953 2 февруари 1954 водна змија 2 февруари 1965 20 јануари 1966 дрвена змија 18 февруари 1977 6 февруари 1978 огнена змија 6 февруари 1989 26 јануари 1990 земјена змија 24 јануари 2001 11 февруари 2002 метална змија 10 февруари 2013 30 јануари 2014 водна змија 29 јануари 2025 16 февруари 2026 дрвена змија 15 февруари 2037 3 февруари 2038 огнена змија 2 февруари 2049 22 јануари 2050 земјена змија 21 јануари 2061 8 февруари 2062 метална змија 7 февруари 2073 26 јануари 2074 водна змија 26 јануари 2085 13 февруари 2086 дрвена змија 12 февруари 2097 31 јануари 2098 огнена змија
Во Јапонија, новиот хороскопски знак почнува на 1 јануари, додека во Кина почнува според традиционалниот календар на младата месечина помеѓу 21 јануари и 20 февруари. Така, лицата родени во јануари и февруари може да имаат различни знаци во овие две земји, но оние родени кон крајот на февруари (т.е. на и по 20 февруари) делат ист знак.
Основни астролошки елементи Астрологијата е меѓукултурна појава мошне присутна во многу култури и поткултури. Современите гледишта тежнеат кон синкретизам, каде се здружени верувања од различни потекла. Следнава табела е пример за тоа, со популарни идеи како среќни броеви (нумерологија), среќни бои и среќни времиња, заедно со предлози за избор на соодветен партнер во љубовниот живот, бракот или деловното работење за лицата родени во година на змијата.
Земска гранка: сеЕлемент: оганПланета: ВенераЈин-јанг: јинМесечев месец: 7 мај - 6 јуниСреќни броеви: 2, 8, 9Среќни цвеќиња: орхидеја, кактусСреќни бои: црвена, жолта, црна; Се одбегнуваат: бела, златна, кафеаваГодишно време: летоСреќни/поврзани земји: Шпанија, Саудиска Арабија, Португалија, Чешка, Египет, Непал
Змијата е шеста од дванаесетте хороскопски знаци и му припаѓа на вториот трин, заедно со волот (вториот знак, 牛, земска гранка: 丑) и петелот (десеттиот знак, , земска гранка: 酉), со кои највеќе си одговара. Најнескладно животно на змијата е свињата.Vansu Calendar , 23 January 2023
Галерија Depictions of zodiacal snakes, alone or with the other eleven signs, show how they have been imagined in the calendrical context.
Поврзано Кинеска астрологија Кинески зодијак Кинеска митологија
Наводи
Библиографија Eberhard, Wolfram (2003 [1986 (German version 1983)]), A Dictionary of Chinese Symbols: Hidden Symbols in Chinese Life and Thought. London, New York: Routledge.
Надворешни врски
Страница за змијата — Астромагазин
Категорија:Кинески хороскопски знаци Категорија:Митски змии