Стаорец или глушец (, , ) — прво од дванаесетте животни во кинескиот зодијак, дел од кинескиот календар.

Лицето родено со овој знак е родено во „Година на стаорецот“ (). Стаорецот го носи симболот на првата земска гранка 子 (zǐ), со која започнува повторливиот циклус од дванаесет години. Постои и месец на стаорецот и час на стаорецот (поточно двоен час, од 23:00 до 01:00 ч.). Годините на стаорецот се разликуваат по циклусот на небесни стебла, поради што имаме повторлив циклус од пет години на стаорецот во текот на 60-годишен период, и секоја година на стаорецот е поврзана со елемент: „петте фази“ се оган ( хуо), вода ( шуеј), дрво ( му), метал ( ѓин) и земја ( ту).

Име Кинескиот збор шу (鼠) значи глодач, но обично се применува за различни членови на таа група како стаорци и глувци, но може да се однесува и на полјанки, ’рчковци, леминзи, скокајглувци и многу други сродници.

Прва година на стаорецот

Според кинеската трдиција, првата година е еквивалентна на 2637 г. п.н.е. Главниот министер на на првиот цар, нарчен Жолт Цар таа година го разработил шеесетгодишниот зодијачки циклус. Дел од ова постигнување е откривањето и вклопувањето на 19-годишниот Метонов циклус кој ги става во врска месечевите и сончевите датуми како дел од системот (користејќи престапни месеци).Palmer, Martin, editor, et al, (1986). T'ung Shu: The Ancient Chinese Almanac. Boston: Shambala, , 29-30.

Годините и петте елементи

За луѓето родени во овие временски опсези се вели дека се родени во „Година на стаорецот“ и може да имаат еден од следниве елементни знаци:

Почетен датум Завршен датум Небесна гранка 11 февруари 1804 30 јануари 1805 дрвен стаорец 23 јануари 1816 16 јануари 1817 огнен стаорец 14 февруари 1828 3 јануари 1829 земјен стаорец 2 февруари 1840 22 јануари 1841 метален стаорец 20 февруари 1852 3 февруари 1853 воден стаорец 8 февруари 1864 26 јануари 1865 дрвен стаорец 26 јануари 1876 12 февруари 1877 огнен стаорец 12 февруари 1888 30 јануари 1889 земјен стаорец 31 јануари 1900 18 февруари 1901 метален стаорец 18 февруари 1912 5 февруари 1913 воден стаорец 5 февруари 1924 23 јануари 1925 дрвен стаорец 24 јануари 1936 10 февруари 1937 огнен стаорец 10 февруари 1948 28 јануари 1949 земјен стаорец 28 јануари 1960 14 февруари 1961 метален стаорец 15 февруари 1972 2 февруари 1973 воден стаорец 2 февруари 1984 19 февруари 1985 дрвен стаорец 19 февруари 1996 6 февруари 1997 огнен стаорец 7 февруари 2008 25 јануари 2009 земјен стаорец 25 јануари 2020 11 февруари 2021 метален стаорец 11 февруари 2032 30 јануари 2033 воден стаорец 30 јануари 2044 16 февруари 2045 дрвен стаорец 15 февруари 2056 3 февруари 2057 огнен стаорец 3 февруари 2068 22 јануари 2069 земјен стаорец 22 јануари 2080 8 февруари 2081 метален стаорец 7 февруари 2092 26 јануари 2093 воден стаорец

Месечев дом

Во традиционалната кинеска астрологија и астрономија небото е поделено на различни астеризми, наречени и кинески соѕвездија. Ова е послично на зодијакот во западната астрологија отколку циклусот од дванаесет животни. Ѕвездите долж еклиптичката рамнина се поделени на групи наречени Дваесет и осум домови. Се сметало дека Месечината секоја ноќ преоѓа од еден до друг дом (или „логор“), па затоа овие се нарекуваат и Месечеви домови. Овие домови се делат на четири групи (од по седум) и се поврзуваат со четирите духовни суштества. Стаорецот е во небесната област на мистичниот воин или Сјуенву (玄武), поконкретно во домот Су (虛), кој пак се поврзува со северот и најтемниот дел од зимата на северната полутопка.Wu, Zhonxian and Karin Wu (2014, 2016). Heavenly Stems and Earthly Branches:TianGan DiZhi. London and Philadelphia: Singing Dragon, , 25-28 и 98 Су (虛) е горе-долу истоветен на ѕвездата Садалсууд, наречена и Бета Водолија).

Час на стаорецот

Во стара Кина деноноќието било поделено на 12 двојни часови, секој од нив наречен по знак од кинескиот зодијак со слична симболика и астролошко значење. Првиот од овие часови е околу полноќта, односно од 23:00 до 01:00 ч., и наречен „Час на стаорецот“ или час ѕе ().Palmer, Martin, editor, et al, (1986). T'ung Shu: The Ancient Chinese Almanac. Boston: Shambala. , стр. 34-35

Основни астролошки елементи Земска гранка 子 ѕеЕлемент: водаСтрана на светот:северЈин-јанг: јангМесечев месец: 6 декември - 7 јануариГодишно време: зимаНадлежни часови:23:00 - 24:59Небесен војсководец:санскрит: Викала (кинески: 毘羯羅)Среќни цветови: лилјан од секој видСреќни броеви: 1, 3, 6, 8; Се одбегнуваат: 4, 5, 9Среќни бои: црна, златна, сина, зелена; Се одбегнуваат: жолта, кафеаваСреќни/поврзани земји: Германија, Австрија, Иразел, Турција, Шведска, Иран

Трката на животните

Популарна приказна за настанокот на зодијакот е онаа за трката приредена од митскиот Жаден Цар. Неговите советници избрале дванаесет кандидати, меѓу кои стаорецот и мачката. Мачката му побарала на глушецот да ја разбуди навреме за трката; но бидејќи не сакал конкуренција, стаорецот не ја разбудил и таа преспала. Огорчена, оттогаш мачката почнала да лови глодачи. Царот се зачудил што се појавиле само единаесет животни и им наредил на слугите да најдат уште едно животно, па тие ја довеле свињата. Стаорецот ја започнал трката свирејќи на флејта, седнат врз волот. Ова го воодушевило царот, и тој го ставил стаорецот да биде прво животно во зодијакот (волот го добил второто место бидејќи се согласил да го носи на грб).Alston, Isabella and Kathryn Dixon (2014). Chinese Zodiac. (China: TAJ Books International) , стр. 14-15

Поврзано Кинески зодијак Кинеска астрологија Кинеска митологија

Наводи

Библиографија Alston, Isabella and Kathryn Dixon (2014). Chinese Zodiac. (China: TAJ Books International) Hale, Gill (2002). The Practical Encyclopedia of Feng Shui. New York: Barnes and Noble Books. Wu, Zhonxian and Karin Wu (2014, 2016). Heavenly Stems and Earthly Branches:TianGan DiZhi. London and Philadelphia: Singing Dragon.

Надворешни врски

Страница за стаорецот — Астромагазин

Категорија:Кинески хороскопски знаци