Васил Козмов Ишков () — македонски претприемач, политичар и емигрант. Втор претседател на Македонската патриотска организација (1923 — 1924) во САД и Канада.

Животопис лево|мини|250x250пкс|Ресторанот „Кони Ајленд“ во Форт Вејн, Индијана. Вториот од лево кон десно е Ишков. Васил Ишков е роден во 1882 година во костурското село Вишени, Егејска Македонија. Тогаш дел од Отоманското Царство. Во 1910 година емигрирал во градот Форт Вејн, Индијана, Соединетите Американски Држави. Се приклучува во Македонската патриотска организација, група основана од македонската дијаспора во САД.

Во септември 1923 година, вториот конгрес на МПО бил оддржан во Индијанаполис. Во текот на седницата Ишков бил назначен за претседател на МПО. Во новото раководоство влегле: Ишков за претседател, Атанас Лебамов за заменик претседател, Мајк Козма за благајник, Михаил Николов за секретар и Павел Ангелов од Чикаго за советник.

Ишков не оставил значаен печаток во неговиот мандат, поради тоа во третиот конгрес бил заменет со Пандил Шанев за претседател. После отворил фирма со името „Кони Ајленд“, каде заедно со Васил Личин и Киријак Геров продавале хот-дог.

Починал на 15 јуни 1961 година во Форт Вејн.

Наводи

Категорија:Родени во 1882 година Категорија:Починати во 1961 година Категорија:Луѓе од Вишени Категорија:Починати во Форт Вејн Категорија:Македонски политичари Категорија:Американски Македонци Категорија:Дејци на МПО Категорија:Македонски општественици