Флајшерит — бел или светло-црвеникаво-розов сулфатен минерал. Бил именуван по Мајкл Флајшер, ко-основач на Меѓународното минералошко здружение. Флајшеритот првпат бил признат како минерал во 1960 година. Флајшеритот е имењак на сопствената минерална група, која ги вклучува и шауртеит, деспујолзит, малестигит и генплесит. Често се меша со дандазитот.

Појава Флајшеритот се наоѓа само во рудникот Цумеб (Онгополо), Намибија. Тој се формира во оксидирани делови од полиметални наоѓалишта на руда што содржат германиум и се наоѓаат во хидротермални наслаги од долостон. Се проценува дека најстарите примероци на флејшерит се стари 541 милион години.

Изглед Кристалите на флајшеритот се многу тенки и долги до 1,5 см. Тие имаат нежна црвеникава нијанса и формираат листови од субпаралелни единки или агрегати слични на еж.

Парагенеза со други минерали

Кога флајшеритот, церуситот и миметитот покриваат тенантитска матрица, тие создаваат заоблена, мат-бела конкреција. Кога јадрото на долостон е покриено со плумбојарозит и миметит (кои му даваат зеленикава нијанса) флајшеритот расте врз сите нив. Ретко, флејшеритот влегува во парагенеза со аламозит, англезит, хематит, леадхилит, меланотекит, миметит, кегелит, ларсенит, плумбојарозит, плумбоцумит и квеитит. Флајшеритот може да има парагенеза и со други секундарни минерали на германиум.

Наводи

Категорија:Минерали