мини|300п|Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Зимските олимписки игри 2026. Легенда: Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал. Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал. Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал. Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал. Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.
Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2026 се наведени сите земји учеснички на игрите коишто освоиле медали. Игрите се одржале во Милано и Кортина д'Ампецо од 6 до 22 февруари 2026, а медали биле доделени во 116 натпреварувања во 16 дисциплини во 8 спортови.
Норвешка освоиле 18 златни медали, соборувајќи го рекордот за најголем број златни медали на едни зимски олимписки игри. Претходниот рекорд, исто така, бил на Норвешка од 16 златни медали на Зимските олимписки игри 2022.
Бразил го освоиле првиот златен и првиот медал воопшто на зимските олимписки игри, со што станале првата тропска и првата земја од Латинска Америка со освоен медал на зимските олимписки игри. Грузија, исто така, го освоиле својот прв медал на зимските олимписки игри.
Медали
Медалите за игрите биле претставени во Венеција на 15 јули 2025 година. Тие биле изработени од страна на Државниот ковачки и полиграфски институт и се осмислени како две половини коишто го означуваат врвот на патот на спортистот и параспортистот, како и на сите оние коишто чекореле покрај нив по патот. Медалите имаат дизајн којшто ги нагласува емоциите и тимската работа, така што на лицето се прикажани олимписките прстени, додека на опачината се наоѓаат логото на игрите и натпис со детали за натпреварот.
Список на земји Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
Споделени медали
Во следните натпревари биле доделени споделени медали поради делба на некое од првите трите места:
машка екипна комбинација во алпско скијање — споделен сребрен медал меѓу Австрија и Швајацрија, а бронзениот медал не бил доделен; скијачки скокови на малата скокалница во машка конкуренција — споделен бронзен медал меѓу Јапонија и Швајцарија; и женски велеслалом во алпско скијање — споделен сребрен медал меѓу Норвешка и Шведскам а бронзениот медал не бил доделен.
Поврзано Освојувачи на медали на Олимписките игри Зимски олимписки игри 2026
Белешки
Наводи
Надворешни врски Зимски олимписки игри 2026 на мрежното место на МОК
Категорија:Зимски олимписки игри 2026 2026