Едночинка — претстава што има само еден чин, за разлика од претставите што се одвиваат во повеќе чина. Едночинките може да се состојат од една или повеќе сцени. Претставата од 20-40 минути се појавила како популарен поджанр на едночинката, особено на натпреварите за пишување. Едночинките го сочинуваат огромното мнозинство од алтернативните театарски претстави.
Потеклото на едночинката може да се проследи до самиот почеток на запишаната западна драма: во Стара Грција, „Киклоп“, сатирична драма од Еврипид, е ран пример. Сатиричната драма била фарсично кратко дело кое се појавило по трилогијата на сериозни драмски претстави во повеќе чина. Неколку значајни примери на едночинки се појавиле пред 19 век, вклучувајќи различни верзии на драмата „Евримен“ и дела од Молиер и Калдерон.Francis M. Dunn. Tragedy's End: Closure and Innovation in Euripidean Drama. Oxford University Press (1996). Едночинките станале почести во 19 век и сега се стандарден дел од репертоарскиот театар и алтернативните фестивали.
Едночинките биле многу популарни во 20 век и многумина ги сметаат за модерен производ.
Едночинки од големи драматурзи Еврипид - Киклоп Молиер - Летечкиот лекар (1659) Едвард Олби - Козата, или која е Силвија? (2002) Семјуел Бекет - Последната лента на Крап (1958) Антон Чехов - Предлог за брак (1890) Ежен Јонеско - Ќелавата пејачка (1950) Артур Милер - Спомен на два понеделника (1955) Аугуст Стриндберг - Парија (1889) Жан-Пол Сартр - Без излез (1944) Оскар Вајлд - Салома (1891 [француски] 1894 [англиски])
Поврзано Монодрама
Наводи
Надворешни врски One Act Play Depot
Категорија:Театар