„Холивуд или пропаст“ (англиски: Hollywood or Bust) – филм на режисерот Френк Ташлин од 1956 година. Главните улоги ги играат: Дин Мартин, Џери Луис и Пат Кроули. Ова е последниот филм во кој настапиле заедно Мартин и Луис.Холивуд или пропаст (пристапено на 5.2.2026)
Синопсис Малколм Смит (го игра Луис) освојува автомобил, а измамникот Стив Вајли (го игра Мартин) го фалсификува ливчето и тврди дека и тој го освоил автомобилот, така што наградата им припаѓа на двајцата. За да ги исплати своите коцкарски долгови, Стив сака да го продадат автомобилот, а како голем љубител на филмот, Малколм сака да одат во Холивуд. Сакајќи да му ја украде наградата, Вајли му вели на Малколм дека живее во Холивуд, и тоа како сосед на Анита Екберг. Така, двајцата поаѓаат на пат кон Холивуд, а друштво им прави германската дога на Малколм...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1956 година Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Френк Ташлин Категорија:Филмови со Дин Мартин Категорија:Филмови со Џери Луис Категорија:Филмови со Пат Кроули Категорија:Филмови на Paramount Pictures Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лас Вегас Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лос Анџелес