Алхемија на душите (, ) — јужнокорејска телевизиска серија со Ли Џе Ук, Чон Со Мин, Го Јун Џон и Хван Мин Хјон во главните улоги. Се прикажувала на каналот tvN од 18 јуни до 8 јануари 2023 г., во сабота и недела во 21:10 ч. по корејско време. Серијата е исто така достапна на платформите TVING и Netflix во одредени области.
Серијата била поделена на два дела: првиот дел се прикажувал од 18 јуни до 28 август 2022 г. и се состоел од 20 епизоди; вториот дел (под насловот „Алхемија на душите: Светлина и сенка“) се прикажувал од 10 декември 2022 г. до 8 јануари 2023 г. и се состоел од 10 епизоди.
Содржина
Дел 1 Дејството е сместено во измислената земја Даехо, а серијата раскажува за љубовта и созревањето на млади волшебници додека ги надминуваат своите испреплетени судбини предизвикани од забранетото волшепство познато како „Алхемија на душите“, што овозможува душите да ги менуваат телата. Приказната ја следи елитната воинка Нак Су, чија душа случајно останува заробена во слабото тело на Му Док. Таа се поврзува со Џанг Ук, кој потекнува од благородничко семејство, и станува негова слугинка, но и негова учителка, подучувајќи го на своите вештини додека двајцата се вљубуваат еден во друг.
Дел 2 Три години по трагедијата испланирана од Џин Му, која ја тера Му Док да ја изгуби контролата и да убива невини луѓе, Џанг Ук се враќа од мртвите благодарение на моќниот Леден камен во неговото тело. Тој станува немилосрден ловец на менувачи на души и сѐ повеќе се изолира поради скршеното срце по смртта на неговата сакана Му Док. Тогаш ја запознава загадочната наследничка на Џинјовон, Џин Бу Јон, чии зборови честопати ги одгласуваат оние на Нак Су.
Улоги
| Ли Џе Ук || Џанг Ук |- | Пак Санг Хун || млад Џанг Ук |- | Чон Со Мин || Му Док / Нак Су (по алхемијата на душите) / Џин Бу Јон (родното име на Му Док) |- | Го Јун Џон || Нак Су (пред алхемијата на душите) / Чо Јонг (вистинско име) |- | Гу Ју Џонг || млада Нак Су |- | Хван Мин Хјон || Со Јул |- | Мун Сонг Хјон || млад Со Јул
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии