Основно училиште „Јонче Крежески“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Јонче Крежески“ - Мислешево; скратено: ПООУ „Јонче Крежески“) — подрачно основно училиште во струшкото село Мислешево, во состав на ОУ „Јосип Броз Тито“ - Струга од градот Струга, Општина Струга.
Училиштето е именувано по Јонче Крежески.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото, во близина на селската црква „Св. Јован Крстител“.
Историја
Училиштето било изградено во 1979 година. Во 2015 година бил обновен кровот на училиштето.
Настава
Во училиштето наставата се изведува на македонски наставен јазик од прво до петто одделение.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Категорија:Мислешево Мислешево