мини|десно|250п|Петте елементи и нивните заемодејства Вода (, , ) — еден од петте елементи (вусјинг) во кинеската филозофија. Претставува најниска точка на материјата и се смета за фаза во која материјата умира или се скрива.
Меѓу елементите, водата е стар симбол јин од начелото јин-јанг. Нејзиното движење е надолу и навнатре, а нејзината енергија е мирување и запазување.
Водата се поврзува со црната боја, планетата Меркур (која се сметала за причинител на росата), ноќта, северот, зимата (или студеното време) и Црната Желка (Сјуенву) од Четирите симболи на кинеските соѕвездија.
Особини Во таоистичката мисла, водата ја претставува интелигенцијата и мудроста, флексибилноста, мекоста и свитливоста; меѓутоа, прекумерната застапеност на овој елемент предизвикува потешкотии во изборот на нештата и придржувањето кон нив. Водата може да е течна и слаба, но има голема моќ кога го преплавува земјиштето. Во кинеската медицина се смета дека водата раководи со бубрезите, мочниот меур и ѓинг (бубрежната материја). Се поврзува и со ушите и коските. Негативните чувства поврзани со водата се стравот и неспокојот, е позитивни се истрајноста и мудроста; „душата“ поврзана со водата е џе (志), што значи „волја“ и „решителност“.
Циклус на елементите Во регенеративниот циклус на елементите металот ја создава водата, како што ја заробува кога се излива од својот извор, а водата го раѓа дрвото како што „како што дождот и росата ги напојуваат растенијата". Во цисклусот на освојување, водата го совладува огнот, бидејќи „ништо не гаси оган побргу од водата“. Земјата ја совладува водата како што каналите го насочуваат нејзиниот тек, а почвата ја впива.
Наводи
Категорија:Пет елементи
it:Acqua (elemento)#Tradizione cinese