мини|десно|250п|Петте елементи и нивните заемодејства Метал или злато (, , ) — еден од петте елементи (вусјинг) во кинеската филозофија. Ова е повратна или опаѓачка фаза, и се поврзува со западот, самракот, есен, загубата, жалоста и Белиот Тигар. Во кинеската медицина металот е млад јин во системот јин-јанг, неговото движење е навнатре и неговата енергија е се скратува. Се поврзува и со белите дробови и дебелото црево, носот и кожата. Архетипни метали се среброто или златото denoting something special or valuable.
Особини
Во даоизмот и традиционалната медицинска мисла, некои особини на металот се цврстината, крутоста, задршката, целовитоста и квалитетот. Металната личност прекумерно контролира, пресекува и е вообразена, закоравена во сфаќањата како што металот е крут. Ова се независни личности кои се издржливи и претпочитаат самите да ги решаваат проблемите. Лицето е интелигентно, посветено на деловното работење и успешно во организирањето и стабилноста. Меѓутоа, металната личност знае да го цени раскошот и да ужива во добрите нешта во животот. Има силни импулси и творечки моќи со кои ги менуват оние околу нив, исто како што металот спроведува струја. Добро урамнотежената метална личност е смирена, скромна и чесна, добрар човек со сосредоточен ум.
Астрологија Во кинеската астрологија металот е еден од 10-те небесни стебла (петте елементи во нивните јин и јанг облици), кои заедно со 12-те земски гранки (хорскопските знаци) го образуваат 60-годишниот циклус. Години на јанг-металот завршуваат со 0 (на пр. 1980), а оние на јин-металот со 1 (на пр. 1981). Металот раководи со хороскопските знаци мајмун и петел. Со него е поврзана планетата Венера поради нејзината бела боја (боја на смртта во Кина), и може да се смета за западна или вечерна ѕвезда.Wolfram Eberhard, A Dictionary of Chinese Symbols, pp238-9, Routledge and Kegan Paul, London, 1986
Циклус на елементите
Во регенеративниот циклус на елементите, земја го создава металот бидејќи „сиот метал мора да се извади од земјата во која се наоѓа“; Металот ја раѓа водата како што водотеците одат од планинските врвови до изворите.
Во циклусот на освојување, огнот го совладува металот како што љубовта го топи и најстуденото срце или „може само да се топи и кова“ со оган и топлина; металот му додава минерали на дрвото за да биде здраво и право или го совладува дрвото како што металната секира може да го собори и највисокото дрво.Theodora Lau, The Handbook of Chinese Astrology, pp. xxix – xxx, Souvenir Press, London, 2005
Меѓутоа, циклусот исто така вели дека прекумерната застапеност на дрвото може да победи мали количества метал; ако дрвото премногу сака да расте и ја поткопува неговата целовитост станува коров (а не дрво) и секирата би се отапила или скршила сакајќи да исече цела шума.
Наводи
Категорија:Пет елементи