Назад кон автономијата. Декларација по разрешението на македонското прашање (стар правопис: Назадъ къмъ автономията. Декларация по разрѣшението на македонския въпросъ) — брошура, издадена во 1919 година после Првата светска војна, од Димо Хаџи Димов. Во брошурата Хаџи Димов го претставил ставот на либералната струја во Македонската револуционерна организација спрема македонското прашање.

Содржина Во 1908 година укината е Македонската револуционерна организација. После Првата светска војна, македонската емиграција во Бугарија се зајакнила. После неуспешната октомвриска средба, конзервативните револуционери ја основале ВМРО (Автономисти). Додека либералите го основале Привременото претставништво. Брошурата на Хаџи Димов била дел од програмата на Привременото претставништво. Хаџи Димов го критикувал ставот на Врховистите за иден сојуз меѓу Етничка Македонија и Бугарија. Наместо сојуз, Хаџи Димов имал желба за автономија на Македонија.

Хаџи Димов прави историски преглед на идејата за автономија и нејзиниот развиток во текот на македонското национално движење. Според Хаџи Димов, автономијата би било добро за меѓуетнички односи во Македонија. Сметал дека Македонија би била приклучена во идна Балканска федерација како рамноправна членка.Гоцев, Димитър. Солунското примирие. Борбата срещу ограбването на България.

Наводи

Категорија:Појавено во 1919 година Категорија:Книги за Македонија Категорија:Привремено претставништво на поранешната Внатрешна организација Категорија:Димо Хаџи Димов