Утешение грешним е втората книга на Кирил Пејчиновиќ печатена во 1840 година, во Солун, во печатницата на Теодосиј Синаитски.
Книгата била готова во 1831 год., една година подоцна пратена да се печати во Крагуевац, тогашната престолнина на Кнежевство Србија, но по долго чекање одбиена конечно во 1836 г. од духовната цензура на Белградската митрополија. Книгата е напечатена во 1840 г., во Солун, во печатницата на Теодосија Синаитски.
Содржина Книгата е печатена со црковнословенски шрифт. Формат и е 14,5 x 20 cm. Ја има следната содржина:
Предговор од Теодосија Синаитски; Основната беседа во книгата, словото за „утјешение грјешним“ Поучение обшчое всјуду како подобает творити брак и во которија днех, и ашче хошчут нововјенчаниј бити родители благопотребним чадом Тропар и кондак Свјатаго Отца нифонта Молитва во јеже Благословити Пчели Молитва јеже благословити церви сирскија, сирјеч: Бубуи или от бубораненје, или У вит(к)анјето или ако сметени, Урочени Молитва во јеже благословити ваиа, в нејелју цвјетосно Молитва о сажденија винограда Показание (расказ за војникот Таксиот што воскреснал од мртви) Оглавление простране: или началословие книжици Сеја, глаголемија Утјешение грјешним (азбучна содржина на книгата) Освен молитвите и тропарот и кондакот на св. Нифоната, при кои идат само кратки објасненија на народен јазик додека текстот е црковнословенски, другите текстови во оваа книга се пишувани на народен јазик.
Првата проповед е земена од книгата на грчкиот црковен писател Илија Минијат (кој живеел кон крајот на 17 и почетокот на 18 век). „Поученија в разнија недјели и праздничнија дни“. Поучението за бракот содржи лични забележувања на Пејчиновиќ. Тој ги составил и тропарот и кондакот на св. Нифонт, обидувајќи се така во црковното песништво. Молитвите се земени од требниците, легендата за воинот од Прологот.
Белешки
Надворешни врски „Утешение грешним“ на Викиизвор.
Категорија:Книги од 1840 година