Билвисејт — многу редок оксиден минерал кој се наоѓа кај пегматитот, попознат како „Стак Нала“, кој се наоѓа на неколку стотици метри од селото Тогла во Стак Нала, Гилгит-Балтистан, Пакистан. Пронајден е само како облога на еден кристал од лепидолит. Единствената карпа што содржи Билвисејт се чува во Кралскиот музеј во Онтарио, со каталошки број M5595.
Содржи четири релативно невообичаени елементи: антимон, ниобиум, тантал и волфрам. Именуван е по Вилијам Вајс, минералог од Универзитетот во Калифорнија, Санта Барбара.
Откриен е од меѓународна група геолози и прифатен од ИМА во 2010 година. Неговото откритие било објавено во списанието Mineralogical во 2011 година, а бил детално опишан во 2012 година во The Canadian Mineralogist од Хотроун и др.
Карактеристики Билвисејтот е оксид со хемиска формула Sb₅3+Nb₃WO18. Одобрен е како валиден вид од страна на Меѓународното минералошко здружение во 2010 година, а првото објавување датира од 2012 година. Кристализира во моноклиничниот систем. Неговата тврдост на Мосовата скала е 5.
Примерокот што е користен за одредување на видот, познат како типски материјал, е зачуван во колекциите на Одделот за природна историја на Кралскиот музеј во Онтарио, во Торонто, Канада, со каталошки број m55951.
Формирање и наслаги Откриен е во Стак Нала, во планините Харамош, во округот Скарду, во Балтистан (Гилгит-Балтистан, Пакистан). Ова е единственото место на планетата каде што е опишан овој минерален вид.
Наводи
Категорија:Моноклински минерали Категорија:Минерали на волфрамот Категорија:Минерали на танталот Категорија:Минерали на ниобиумот Категорија:Минерали на антимонот Категорија:Оксидни минерали