Обед Варгас Гомес (роден на 5 август 2005 година, во Енкориџ) — американско-мексикански фудбалер, на и на мексиканската репрезентација.
Биографија Роден во Енкориџ, Алјаска, САД, во семејство од мексиканско потекло.
Клупска кариера Почетоци Роден во Енкориџ, Алјаска, тој се преселил во Вашингтон каде се приклучил на младинската академија на фудбалскиот клуб од МЛС лигата, Сиетл Саундерс, на 14-годишна возраст. Варгас играл во академијата две сезони, пред да потпише професионален договор со резервниот тим на Саундерс, Такома Дефијанс на 7 мај 2021 година. Два дена подоцна, тој го имал своето деби со сениорската екипа на Такома Дефијанс во УСЛ против Лос Анџелес Галакси II (1-1).
Сиетл Саундерс Тој го имал своето деби во МЛС со Сиетл Саундерс на 22 јули 2021 година, како еден од неколкуте играчи на Такома Дефијанс повикани за натпреварот на Саундерс против Остин, за да ги заменат повредените играчи. Со само 15 години и 351 ден, Варгас бил третиот најмлад играч во историјата на МЛС. Тој потпишал формален договор за „домашен играч“ со Саундерс во декември и станал стартер на тимот во првите натпревари од сезоната 2022, играјќи во два натпревари од КОНКАКАФ Лигата на шампионите. Главниот тренер Брајан Шмецер го опишал стилот на игра на Варгас, како сличен на оној од дебитантската сезона на Кристијан Ролдан, додавајќи дека тој „ќе биде одличен играч за нашиот клуб“. Тој влегол како рана замена на местото од повредениот Жоао Пауло во реваншот од финалето на КОНКАКАФ Лигата на шампионите, кое Саундерс го добиле со 3–0 на домашен терен.
Варгас одиграл 13 натпревари во МЛС до крајот на јуни, кога фрактура на грбот го спречила да продолжи да игра со тимот. Варгас се вратил за сезоната 2023, но играл во неколку натпревари, вклучувајќи само 24 минути во плејофот од МЛС Купот. Тој го вратил своето место во средниот ред во почетната постава за сезоната 2024 и го постигнал својот прв гол во кариерата во МЛС на 30 април 2024 година, против , во натпревар кој првично започнал еден месец порано, но бил одложен поради обилен дожд. Варгас одиграл над 3.000 минути за Саундерс во сезоната 2024 и бил рангиран на седмото место на листата на играчи под 22 години во МЛС на крајот од регуларната сезона.
Во МЛС сезоната 2025, Варгас започнал во 26 натпревари во регуларниот дел и постигнал 3 гола. Тој, исто така, бил стартер во сите три натпревари на Саундерс за време на Светското клупско првенство 2025, а ги одиграл и сите натпревари во Купот на лигите 2025 каде Саундерс ја освоиле титулата. Тој бил избран во составот и настапил на МЛС Ол-стар натпреварот 2025. Конечно на крајот од сезоната, Варгас бил рангиран на првото место на листата на играчи под 22 години и бил финалист во изборот за наградата МЛС Млад фудбалер на годината. Во неговите пет сезони со Саундерс, Варгас постигнал 8 гола во 130 одиграни натпревари во сите натпреварувања.
Атлетико Мадрид На 2 февруари 2026 година, шпанскиот клуб Атлетико Мадрид го купил Варгас во последните часови од зимскиот преодниот рок, потпишувајќи договор со играчот на четири ипол години. Претходно, Варгас ја одбил понудата од мексиканската екипа Клуб Америка, нагласувајќи дека сака да ја продолжи својата кариера во европските лиги. Тој претходно изјавил дека Атлетико Мадрид бил неговиот омилен клуб како дете и играл против нив на Светското клупско првенство 2025.
Своето деби за Атлетико го имал на 5 февруари 2025, влегувајќи како замена во 79-тата минута на местото на Адемола Лукман во четвртфиналниот натпревар од Купот на Шпанија против добиен со 0-5. Три дена подоцна против истиот противник, тој го направил своето деби во првенството (повторно заменувајќи го Лукман), во поразот на Атлетико со 0-1 на Ванда Метрополитано.
Репрезентативна кариера Варгас имал право да ги претставува на репрезентативно ниво и Мексико и САД.
На 10 мај 2023 година, тој бил вклучен од Мајки Варас во репрезентацијата на САД под 20 години, која учествувала на Светското првенство 2023 во Аргентина. Подоцна играл и за олимписката репрезентацијата на САД.
Подоцна, тој одлучил да го претставува , земјата на неговото потекло, комплетирајќи го префрлањето на 21 мај 2024. Откако ја претставувал олимписката репрезентација, на 30 септември 2024 година, тој бил повикан во сениорската репрезентација за прв пат, за која дебитирал на 15 октомври во победата со 2-0 против .
Во 2025, Варгас бил повикан од Едуардо Арсе да го претставува Мексико на Светското првенство за играчи под 20 години 2025 во Чиле.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2021 Такома Дефијанс УСЛ 28 0 - - - - - - - - - 28 0 2021 МЛС 1 0 - - - - - - - - - 1 0 2022 МЛС 13 0 УСКуп 1 0 КЛШ 7 0 - - - 21 0 2023 МЛС 22+2Плејоф. 0 УСКуп 1 0 - - - Скп+КЛ 0+2 0 27 0 2024 МЛС 30+3 1+0 УСКуп 2 0 - - - КЛ 5 1 40 2 2025 МЛС 26+3 3+2 - - - КЛШ 3 0 Скп+КЛ 3+6 0+1 41 6Вкупно Сиетл Саундерс 92+8 4+2 4 0 10 0 16 2 130 8 јан.- јун. 2026 ПД 2 0 КШ 1 0 ЛШ 0 0 СШ - - 3 0Вкупно во кариерата 130 6 5 0 10 0 16 2 161 8
Титули Клупски Сиетл Саундерс КОНКАКАФ Лига на шампиони : 1 2022 Куп на лигите : 1 2025
Поединечни МЛС Ол-стар: 2025
Наводи
Надворешни врски
Обед Варгас на fbref Обед Варгас на transfermarkt Обед Варгас на espn Обед Варгас на whoscored
Категорија:Американски фудбалери Категорија:Мексикански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сиетл Саундерс Категорија:Фудбалери на ФК Атлетико Мадрид Категорија:Родени во 2005 година Категорија:Луѓе од Енкориџ Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026