Јакљан — ненаселен остров во Хрватска, дел од архипелагот Елафитски Острови, сместен крај брегот на јужна Далмација. Се наоѓа северозападно од Дубровник и западно од островот Шипан. Неговата површина е 3,4 километри квадратни и крајбрежјето изнесува 14,6 километри. На островот се наоѓа детско одморалиште и рекреативен центар.
Островот бил место на масовна егзекуција на 204 германски и хрватски воени заробеници од страна на југословенските партизани во мај 1945 година. Откривањето и ексхумацијата на локалитетот започнал кон средината на февруари 2013 година. До 28 февруари биле пронајдени посмртните остатоци на 214 мажи. Посмртните остатоци биле погребани во заедничка гробница на гробиштата на Дубровничкото домобранство на 1 март 2013 година.
Поврзано
Дакса
Наводи
Извори
Јакљан на peljar.cvs.hr
Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Ненаселени острови Категорија:Острови во Хрватска