Катина — хрватски остров во Јадранското Море, сместен помеѓу Дуги Оток на север и Корнат на југ, со површина од 1,17 километри квадратни.

Катина е одвоена од Дуги Оток со 100 метри широк и едвај 2 метри длабок канал наречен Мала Проверса. На јужната страна од островот се наоѓа каналот Вела Проверса, околу 500 метри широк и погоден за навигација, што ја одделува Катина од Корнат. Тој е дел од природниот парк Телашќица.

Наводи

лево|мини|Таверна на морскиот брег на северната страна од островот.

Категорија:Острови во Јадранското Море Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Ненаселени острови Категорија:Острови во Хрватска