Силба (Селве) е остров во Јадранското Море, во хрватскиот дел од Јадранот. Се наоѓа западно од Задар и уште се нарекува и „порта на Далмација“. Се протега во правец север-северозапад - југ-југоисток. Во најтесниот дел на островот, некаде на половината широк е само 700 м. Има форма на боздоган, со пошироката страна кон север. На островот постои населба со исто име, Силба. Официјално, населението на Силба е 292, но варира сезонски; од неколку стотици, главно пензионери, во зима, до неколку илјади во текот на летните месеци.

Островот е опкружен со Силбански канал и Олипски канал. Соседните острови се Премуда и Олиб.

Името го добил по римскиот назив за шума - „Силва“, бидејќи Силба е вториот најшумовит остров во Хрватска. Највисока точка на островот е 83 метри.

Бил населен уште од илирскиот период. Постојат траги од римскиот период, како што се монети, делови од потонати бродови и саркофази. Бил населен од Хрвати во 8 век. Исто така Силба бил споменуван и од Константин Порфирогенит. Во 19 век бил под австриска власт.

Апсолутното мнозинско и домородно население на Силба се Хрвати.

Наводи

Категорија:Острови во Хрватска Категорија:Севернодалматински острови