десно|мини|126x126пкс|Карта на Првиќ Првиќ е остров во Хрватска, во чиј архипелаг има уште еден остров со исто име, но ненаселен. Се наоѓа во близина на Шибеник.

Географија Првиќ има површина од 2,41 км2, долг е околу 3 км и широк до 1,2 км. Должината на брегот е 10,6 км. Покриен е со карст, борова шума, макии, лозја и маслинови градини.

Во дваесетите години на дваесетиот век, Првиќ бил најгусто населен остров во Јадранското Море со повеќе од 1.300 жители. Тој и денес е трет остров по густина на населеност (191 жител/км²), зад Крапањ и Муртер, и единствениот во категоријата мали острови во Јадранското Море (помалку од 15) со две населби. Највисок врв е Витковиќ со надморска височина од 75,4 м.

На Првиќ има две населби: Првиќ Лука и Првиќ Шепурине. Административно, островот припаѓа на градот Водице.

Клима Островот има медитеранска клима. Просечната годишна температура е 16 степени°C, годишниот број на сончеви часови е околу 2.600, а годишните врнежи се околу 900 мм. 9% од годишните врнежи паѓаат во лето.

Галерија

Надворешни врски

Првиќ Лука онлајн Град Водице - Предлог за урбанистички план за островот Првиќ Категорија:Острови во Хрватска