Васил или Василиос () — грчки зограф од XIX век.

Животопис Роден е во погонското село Воштина, Епир, денес во Грција. Се занимавал со иконопис и работел заедно со својот брат Јован (Јоанис). Во 1842 г. двајцата ја живописале црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Палеохор, Гребенско, каде го оставиле натписот: „χειρ ζωγράφων Βασίλειος και Ιωάννης των αδελφών εκ χώρας Παλεοπογόνη“. Нивна е иконата „Христос Голем Архијереј“ (1849) од црквата „Св. Петка“ во Песодер, потпишана „χειρ Βασιλείου και Ιωάννου των αδελφών“. Во 1874 г. ја живописал црквата „Св. Петка“ во Палеохор.

Наводи

Категорија:Луѓе од Воштина Категорија:Грчки зографи Категорија:Грчки иконописци