Флорис Такенс (12 ноември 1940 – 20 јуни 2010)rug.nl ― холандски математичар познат по придонесите во теоријата на хаотичните динамички системи.
Заедно со Давид Руел, тој предвидел дека турбуленцијата на флуидите може да се развие преку чуден атрактор, термин што тие го измислиле, за разлика од тогаш преовладувачката теорија за акреција на модови . Предвидувањето подоцна било потврдено со експеримент. . Такенс, исто така, го утврдил резултатот што е сега познат како Такенсова теорема, која што покажува како да се реконструира динамички систем од набљудувана временска серија . Тој бил првиот што покажал како хаотичните атрактори можат да бидат учени од страна на невронските мрежи.
Такенс бил роден во Зандам во Холандија. Посетувал училишта во Хаг и во Зандам пред да служи воен рок во холандската армија во траење од една година (1960–1961). На Универзитетот во Амстердам ги завршил додипломските и постдипломските студии. Докторатот по математика го добил во 1969 година за неговата теза „Минималниот број на критични точки на функцијата на компактното многуобразие и категоријата на Лустерник-Шнирелман“, под менторство на Николас Кајпер,
По докторирањето, Такенс поминал една година на Институтот за високи научни студии, во Бур-сур-Ивет, во близина на Париз, каде што работел со Давид Руел, Рене Том и Јакоб Палис . Неговото пријателство со Палис го одвело многу пати во Институтот за чиста и применета математика (IMPA) во Рио де Жанеиро, Бразил. Нивната соработка резултирала со неколку заеднички публикации.
Такенс бил професор на Универзитетот во Гронинген, во Гронинген, Холандија, од 1972 година до неговото пензионирање од предавањата во 1999 година.
Такенс бил член на:
Кралската холандска академија на уметностите и науките (од 1991 година) Бразилската академија на науките (од 1981 година) и Уредничкиот одбор за „Белешки од предавањата по математика“ на „Шпрингер-Верлаг“.
Избрани публикации
Наводи
Флорис Такенс - Бразилска Академија на Науката. Accessed on 26 January 2010.
Надворешни врски
Категорија:Теоретичари на динамичните системи Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Бразилската академија на науките Категорија:Теоретичари на хаосот Категорија:Починати во 2010 година Категорија:Родени во 1940 година