Марко (световно Горан Кимев; Штип, 25. ноември 1977) — епископ на Делчевско-каменичката епархија на МПЦ-ОА. Претходно бил епископ брегалнички (2006-2023), како и викарен епископ дремвитски (2003-2006), како дел од поранешната Православна Охридска Архиепископија, автономна црква во состав на Српската православна Црква.
Животопис Роден е во Штип на 25 ноември 1977 година. Основно образование завршил во родниот град по што се запишал на средно богословско училиште во Скопје. По завршувањето на Македонската Православна Богословија ,,Св. Климент Охридски’’ во Скопје и воениот рок се запишал на Богословскиот факултет во Скопје, а истовремено работи и во администрацијата на Повардарската Митрополија.
Замонашен е на 20 јули 2002 година во Манастирот „Св. вмч. Георгиј” кај Неготино, од страна на митрополитот Јован кој му го даде името Марко. За викарен епископ дремвитски е избран со одлука на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква одржан на 10/23 мај 2003 година, на предлог на тогашниот велешки и повардарски митрополит на Српската православна црква Јован.
Хиротонијата е извршена во манастирот Свети Прохор Пчињски на 24 ноември/7 декември 2003 година, а со одлука на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква бил назначен за местобљустител битолски. На 16/29 јуни 2006 година, со одлука на Светиот архиерејски синод на Православната охридска архиепископија, бил назначен за надлежен архијереј на Брегалничката епархија на ПОА, со титула епископ брегалнички и местобљустител битолски.
Интеграција на ПОА со МПЦ-ОА По решавањето на повеќедеценискиот раскол помеѓу Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Српската Православна Црква, се воспостави единство помеѓу двете помесни сестрински цркви. На 20 мај 2023 година архијереите на поранешната ПОА добија канонски отпуст од страна на Соборот на Српската православна црква и нивно интегрирање во Македонската православна црква. Како плод на воспоставената братољубива заедница помеѓу двете сестрински Цркви, САС на МПЦ – ОА донесе одлука за формирање на нова Делчевско – каменичка епархија. Со оваа одлука, новиот епископ ја доби титулата Делчевско – каменички, со седиште на епархијата во градот Делчево. Интронизацијата на Преосвештениот епископ г. Марко се изврши на 17. 09. 2023 год. во црквата „Успение на Пресвета Богородица’’ во градот Делчево.
Поврзано
Православна Охридска Архиепископија
Наводи
Архијереи на Македонската православна црква — Охридска архиепископијаСегашни архијереиСтефан (Скопска епархија) • Петар (Преспанско-пелагониска епархија) • Георгиј (Дебарско-кичевска епархија) • Наум (Струмичка епархија) • Агатангел (Повардарска епархија) • Јован (Крушевско-демирхисарска епархија) • Методиј (Американско-канадска епархија) • Пимен (Европска епархија) • Иларион (Брегалничка епархија) • Марко (Делчевско-каменичка епархија) • Јосиф (Тетовско-гостиварска епархија) • Григориј (Кумановско-осоговска епархија) • Јоаким (Дељадровско-илинденска епархија) • Климент • Давид • Јаков • Партениј • Никола • Свет синод (Австралиско-новозеландска епархија, Австралиско-сиднејска епархија)[]Македонска православна црква — Охридска архиепископија