мини|Светилникот Нида, Литванија Светилникот Нида е крајбрежен светилник на Курскиот Провлак во селото Нида, кој се наоѓа приближно 900 метри од брегот на Балтичкото Море, на врвот на дината Урбас. лево|мини|148x148пкс|Фотографија од стариот светилник Нида Првиот светилник на ридот Урбас бил изграден откако Источна Прусија била анексирана од Германското Царство во 1874 година и започнал со работа на 24 октомври истата година. Кулата на светилникот имала шестоаголен план и била изградена од црвена тула. Висината на првиот светилник била 27 метри. Опсегот на видливост на овој светилник бил приближно 20 морски милји.

На крајот од Втората светска војна, во 1944 година, светилникот Нида бил дигнат во воздух од страна на германските трупи кои се повлекувале, но во 1945 година бил повторно изграден и вратен во работна состојба. Во 1953 година, светилникот бил реконструиран и конечно обновен.

Сегашната 29-метарска кула на светилникот е направена од армиран бетон и обоена со хоризонтални црвени и бели ленти. Френовите леќи на светилникот се произведени во фабриката за инструменти „Изум“ во Харковската област. Опсегот на видливост на светилникот е 22 морски милји (приближно 41 км).

Светилникот Нида работи автоматски, без постојано одржување. Светлосните сигнали се испраќаат само во темнина, додека радио сигналите се пренесуваат 24/7. Светилникот е опремен со шест жарулки, но се користи само една. Другите се потребни во случај да откаже моменталната светилка. Светилникот има и независен извор на енергија, кој автоматски се вклучува ако се прекине електричната енергија од надворешната мрежа. Наводи

Надворешни врски

Урбо калнас, нидос витурис Урбо калнас, (Nidos švyturys) Нидос швитурис Категорија:Светилници во Литванија Категорија:Светилници