Лаџаќој или Бања () — село во Источна Македонија и Тракија, Република Грција. Тоа административно припаѓа на општината Дедеагач во тракискиот округ Марица,
Географија и местоположба Селото се наоѓа во општината Дедеагач, Западна Тракија. Mapcarta, The travel map: Loutros is in Alexandroupolis, Western Thrace and has about 985 residents. .
Историја Во битка со Турците кај селото Лаџаќој на 10 ноември 1907 година загинале дејците на ВМОРО Петар Васков, Лазар Маџаров, Ѓорѓи Гешанов, Чанко Карабраканов и Јанаки Милков.Свято съзаклятие, Панайот Маджаров, Издателство "П&П Славейкови", София, 1998, стр. 186-187.
Според статистиката на професор Љубомир Милетиќ во 1912 година селото е мешано бугарско-турско со 160 семејства, од кои 120 се егзархиски бугарски семејства, а 40 се турски.
При избувнувањето на Балканските војни во 1912 година 4 лица од селото се доброволци во Македонско-одринското ополчение.
Во првите децении на дваесеттиот век селото, крај кое се наоѓа мала железничка станица на линијата Дедеагач-Фере, е познато по своите лековити бањи и хотел со 120 соби.
Во 1920 година селото потпаѓа под Грција. По 1924 година бугарското население од селото е иселено, 30 семејства (околу 200 луѓе) бараат спас во Горни Воден, Асеновградско, а уште толку во Крџалиско и Хасковско. Други 30-40 семејства остануваат во селото, но по 1944 година и тие се селат во Бугарија.
Економија
Демографија
Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Дедеагач Категорија:Села во Грција Категорија:Лаџаќој