Александер Серлот (роден на 5 декември 1995 година, во Трондхајм) — норвешки фудбалер, на и на норвешката репрезентација.
Биографија Тој е син на Геран Серлот, исто така, поранешен професионален фудбалер.
Технички карактеристики Јан Халворсен, по неговиот трансфер во Боде/Глимт, го опишал како „физички напаѓач кој е добар во држење на топката“. Тој е левак, иако добро ја користи и десната нога при шутирање, а во нападот добро ја следи играта, физички е силен и добар во играта со глава поради неговата висина. Тој, исто така, се докажал и како добар асистент.
Клупска кариера Розенборг
Серлот ја започнал својата кариера во Розенборг. На 11 јули 2013 година, тој го имал своето деби за првиот тим, во првото квалификациско коло за Лига Европа 2013-2014, влегувајќи во игра на местото на Џон Чибуике и постигнувајќи исто така гол во победата од 7-2 над Крусејдерс. Тоа бил неговиот единствен настап во таа сезона.
На 20 јули 2014 година, тој го направил своето деби во норвешкото првенство, влегувајќи како замена за Александер Седерлунд во победата со 1-0 над Согндал. На 13 октомври, тој го обновил договорот со Розенборг до 2016 година. Во оваа втора сезона за него, тој одиграл вкупно 9 натпревари, помеѓу првенството и куповите.
Боде/Глимт На 19 декември 2014 година, Серлот заминал во Боде/Глимт на едногодишна позајмица. Тој го направил своето деби за клубот на 6 април 2015, влегувајќи како замена за Мортен Конрадсен во поразот со 3-1 од Сандефјорд. На 7 јуни, тој го постигнал својот прв гол во локалната прва лига, во поразот со 3-2 од Стабек. На 9 август, тој постигнал четири гола против Старт, придонесувајќи за победата на својот тим од 5-1. Во последниот натпревар од сезоната, Серлот постигнал хет-трик против Стабек во победата со 6-1 на домашен терен. Сезоната ја завршил со 29 настапи и 14 гола комбинирано во првенството и купот.
Гронинген На 6 ноември 2015 година, холандскиот клуб Гронинген го купил Серлот од Розенборг, при што норвешкиот напаѓач потпишал договор со клубот на четири и пол години. Своето деби во Ередивиси го имал на 17 јануари, играјќи како стартер во поразот со 1-4 на домашен терен од Утрехт, натпревар во кој Серлот го постигнал единствениот гол за Гронинген. Првата сезона ја завршил со 15 натпревари и 2 постигнати гола. Во Холандија, тој не успеал да ги покаже својте најдобри перформанси, постигнувајќи само 6 гола за година и пол.
Митјиланд и Кристал Палас На 1 јуни 2017 година, Серлот потпишал четиригодишен договор со данскиот клуб Митјиланд, приклучувајќу му се на почетокот на следниот месец. Во Данска се вратил во посакуваната форма, постигнувајќи 15 гола (од кои 10 во првенството) во сите натпреварувања за период од само пет месеци.
На 31 јануари 2018, англискиот клуб Кристал Палас го купил Серлот за 9 милиони евра. Ова го направило најскапата продажба на клуб од Суперлигата на Данска во тоа време. Во моментот на трансферот, тој бил најдобар стрелец во данското првенство, и на крајот добил медал за освоената титула на Митјиланд, иако во меѓувреме го напуштил клубот. На 10 февруари 2018 година, тој го имал своето деби за Кристал Палас во Премиер лигата, во поразот со 3–1 од Евертон.
На 28 август, Серлот го постигнал својот прв и единствен гол за Палас во победата со 1–0 над Свонзи Сити во Лига купот.
Гент и Трабзонспор На 8 јануари 2019 година, тој бил позајмен на белгискиот клуб, Гент. Серлот започнал добро, постигнувајќи гол на неговото деби во победата со 1-0 над Андерлехт на 20 јануари 2019. На 1 мај 2019, тој го започнал од првата минута и го одиграл до крај финалето на Купот на Белгија, кое Гент го загубиле со 1-2 од Мехелен и покрај тоа што имале водство. Во Гент останал шест месеци, за кои одиграл вкупно 22 натпревари меѓу првенството и купот и постигнал 5 гола.
По завршувањето на сезоната со Гент, Серлот се преселил во друг клуб повторно на привремена основа, овојпат во Трабзонспор, до крајот на сезоната 2019-2020. Во Турција, тој играл во извонредна форма во текот на целата сезона постигнувајќи голови како од шала. На своето деби за клубот на 8 август против Спарта Прага во третото квалификациско коло од УЕФА Лига Европа, тој го постигнал вториот гол во натпреварот што завршил 2–2. На 19 јануари 2020 година, Серлот го постигнал хет-трик во победата на Трабзонспор со 6–0 против Касимпаша. На 5 јули 2020 година, Серлот станал најдобар странски стрелец на Трабзонспор во рамките на една сезона, со својот 29-ти гол за сезоната, надминувајќи го резултатот на поранешниот напаѓач од Грузија, Шота Арвеладзе. Сезоната ја завршил со 33 постигнати гола и 11 асистенции во 49 натпревари во сите натпреварувања, освојувајќи го на крајот од сезоната и Купот на Турција (каде Серлот постигнал 7 гола во исто толку натпревари, а постигнал гол и во финалето против Аланијаспор) и завршувајќи како најдобар стрелец во турското првенство со 24 гола.
РБ Лајпциг и Реал Сосиедад thumb|upright|Серлот со РБ Лајпциг во 2022 Неговите настапи во Турција не останале незабележани, толку многу што и покрај тоа што имал уште една година од договорот за позајмица во Трабзонспор, на 12 септември 2020 година, го напуштил турскиот клуб, и 10 дена подоцна се преселил во германскиот во трансфер вреден околу 20 милиони евра. Сепак, работите за напаѓачот во новиот клуб не тргнале според очекувањата, така што тој не можел да се израдува на ниту еден погодок во својте први четири месеци во клубот. На 2 декември 2020 година, тој го постигнал својот прв гол за Лајпциг – воедно и негов прв во кариерата во Лигата на шампионите – во судиското продолжение од натпреварот на гости против Истанбул Башакшехир, правејќи го резултатот 3-4 во корист на германците што бил и конечниот резултат во средбата. Неговиот прв гол во Бундеслигата дошол на 9 јануари 2021 година, во поразот на РБ Лајпциг на домашен терен од со 1-3. На 10 април 2021, Серлот постигнал два гола во првенствената победа со 1-4 на гостувањето кај . Сезоната ја завршил со 37 настапи во сите натпреварувања и 6 постигнати гола.
На 25 август 2021 година, Серлот се преселил во Реал Сосиедад на позајмица до крајот на сезоната 2021–2022. На 24 октомври, тој го постигнал својот прв гол за клубот во ремито 2-2 на гостувањето кај Атлетико Мадрид. После 44 настапи и 8 постигнати гола во сезоната 2021-2022, на 29 август 2022 година, тој се вратил во Реал Сосиедад на позајмица за уште една сезона. Во втората сезона, Серлот достигнал двоцифрен број на голови во лигата (12), придонесувајќи за освојувањето на четвртото место. Во завршницата од сезоната, тој останал запаметен по постигнувањето на голот за победата со 1-2 на гости против подоцнежниот шампион на првенството на 20 мај 2023 година.
Виљареал На 25 јули 2023 година, го купил Серлот од РБ Лајпциг за 10 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со напаѓачот. На 27 август, тој го постигнал својот прв гол за клубот во поразот со 3–4 од Барселона. На 5 ноември, со голот во поразот со 2-3 од Атлетик Билбао, Серлот дошол до бројката од 21 гол во шпанското првенство во својата кариера со што станал најдобриот норвешки стрелец во лигата надминувајќи го претходниот рекорд во сопственост на Џон Карју. Тој, исто така, постигнал гол во победата со пресврт против Барселона од 5-3, пред да постигне два гола во победата од 3-0 над Рајо Ваљекано и победата од 3-2 над Севиља. Подоцна, постигнал хет-трик во победата од 5-1 над Гранада. На 19 мај 2024 година, тој постигнал четири гола во ремито 4–4 против Реал Мадрид, стигајќи до својот 23-ти првенствен гол за сезоната (сите од игра), со што станал најдобар стрелец во првенството на едно коло пред крајот. На крајот, тој бил надминат за само еден гол од Артем Довбик, кој постигнал хет-трик во последното коло од сезоната.
Атлетико Мадрид На 3 август 2024 година, Серлот се преселил во , за вкупен износ од 35 милиони. Неколку недели подоцна, на 19 август, тој го постигнал својот прв гол на своето деби во ремито 2-2 на гости против неговиот поранешен клуб Виљареал. Подоцна истата година, на 21 декември, тој постигнал гол во судиското продолжение во победата од 1–2 над Барселона, обезбедувајќи ја првата победа на Атлетико на гостински терен над „Блауграна“ од февруари 2006 година.
На 10 мај 2025 година, Серлот постигнал четири гола во првото полувреме против неговиот поранешен клуб, Реал Сосиедад, вклучувајќи и хет-трик во рок од четири минути, со што го срушил претходниот рекорд што го држешел Давид Виља во 2006 година. Покрај тоа, тој станал првиот играч во историјата на Примера Дивисион кој постигнал хет-трик пред 12-тата минута, додавајќи го четвртиот гол во 30-тата минута. Тој ја завршил својата дебитантска сезона со 20 гола, завршувајќи како најдобар стрелец на својот клуб во првенството.
На 24 февруари 2026 година, тој го постигнал својот прв хет-трик во Лигата на шампионите во победата од 4–1 над Клуб Бриж, обезбедувајќи му на својот клуб квалификација во осминафиналето на натпреварувањето.
Репрезентативна кариера Серлот ја претставувал Норвешка во репрезентациите под 16 години, под 17 години, под 18 години и под 19 години. На 25 август, тој бил повикан во репрезентацијата под 21 година за натпреварот против Англија, во квалификациите за Европското првенство под 21 година 2017: Серлот влегол како замена за Мортен Торсби во второто полувреме од натпреварот, кој завршил со пораз од 0-1 за Скандинавците. На 8 октомври, го постигнал својот прв гол во победата со 2-1 над Казахстан.
На 18 мај 2016 година, тој бил повикан во сениорската репрезентација за прв пат од селекторот Пер-Матијас Хегмо, пред натпреварите против , и . На 29 мај, дебитирал за Норвешка влегувајќи како замена за Џошуа Кинг во натпреварот против селекцијата на Португалија.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 24 февруари 2026.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2012 Розенборг 2 2Д 36 14 - - - - - - - 36 14 2013 Розенборг ЕС 0 0 КН 0 0 ЛЕ 1Nei turni preliminari 1 - - - 1 1 2014 ЕС 18 4 КН 0 0 ЛЕ 3 0 - - - 21 4Вкупно Розенборг 18 4 0 0 4 1 0 0 22 5 2015 Боде/Глимт ЕС 28 18 КН 3 1 - - - - - - 31 19 2016-2017 Гронинген Е 27 3 КХ 1 1 - - - - - - 28 4 2017-2018 Митјиланд СЛ 36 12 КД 1 1 ЛЕ 6 4 - - - 43 17 2018-јан.2019 Кристал Палас ПЛ 16 0 ФАКуп+ЛК 1+3 0+1 - - - - - - 20 1 јан.-јун. 2019 Гент ПЛ 19 4 КБ 3 1 - - - - - - 22 5 2019-2020 Трабзонспор СЛ 34 24 КТ 7 7 ЛЕ 84 настапи во квалификациските кола. 2 - - - 49 33 2020-2021 РБ Лајпциг БЛ 29 5 КГ 4 0 ЛШ 4 1 - - - 37 6 2021-2022 ПД 33 14 КШ 4 2 ЛЕ 7 2 - - - 44 18 авг. 2022 РБ Лајпциг БЛ 1 0 КГ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 1 0Вкупно РБ Лајпциг 30 5 4 0 4 1 - - 38 6 2022-2023 ПД 34 12 КШ 5 2 ЛЕ 7 2 - - - 46 16Вкупно Реал Сосиедад 67 26 9 4 14 4 - - 90 34 2023-2024 Виљареал ПД 34 23 КШ 1 0 ЛЕ 6 3 - - - 41 26 2024-2025 ПД 35 20 КШ 7 4 ЛШ 8 0 Скп 3 0 53 242025-2026 ПД 24 9 КШ 0 0 ЛШ 9 5 СШ 1 1 34 15Вкупно Атлетико Мадрид 59 29 7 4 17 5 4 1 87 39Вкупно во кариерата 411 173 40 20 59 20 4 1 514 216
Репрезентативна статистика
РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Норвешка201671201750201851201954202053202193202293202362202484202595Вкупно6826
Хет-трикови