Хиперстен — иносиликатен минерал што формира карпи и припаѓа на групата орторомбични пироксени. Неговата хемиска формула е . Се наоѓа во магматски и метаморфни карпи, како и во каменити и железни метеорити. Литературата формално го напуштила овој термин, претпочитајќи да го категоризираат овој минерал како енстатит или ферозилит. Тој формира цврсти раствори со минералите енстатит и ферозилит. Чистиот енстатит не содржи железо, додека чистиот ферозилит не содржи магнезиум; хиперстен е името дадено на минералот кога е присутна значителна количина од двата елементи. Енстатит е стабилен при атмосферски притисок, но ферозилитот е стабилен само при покачен притисок, распаѓајќи се во кварц и фајалит при атмосферски притисок освен ако не се стабилизира со магнезиум или други нечистотии.
Минералот обично се наоѓа како фолијатни маси вградени во магматските карпи норит и хиперстен- андезит, од кои што е основен дел. Грубозрнестата лабрадорит -хиперстен-карпа (норит) на островот Павле покрај брегот на Лабрадор го обезбедила најтипичниот материјал; поради оваа причина, минералот е познат како лабрадор хорнбленда или паулит.
Бојата е често сива, кафеава или зелена, а сјајот е обично бисерно бел или проѕирен. Плеохроизмот е силен, тврдоста е 5–6, а специфичната тежина е 3,4–3,9. На одредени површини прикажува бакарно-црвен метален сјај, или шилер, кој има исто потекло како бронзениот сјај на бронзитот, но поизразен. Како и бронзитот, понекогаш се сече и полира како скапоцен камен.
Името „хиперстен“ потекнува од грчкиот збор и значи „премногу јак“, и е алузија на тоа дека е поцврст од амфиболскиот минерал хорнбленда (со кој што е често помешан).
Хиперстенот е дискредитиран од Меѓународната минералошка асоцијација и повеќе не се смета за валиден тип на минерал; примероците означени како хиперстен обично се фероан енстатит.
Наводи
Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Иносиликати Категорија:Минерали на магнезиумот