Боракс — боратен минерал кој се наоѓа во евапоритни наслаги во алкални езерски средини, и како површинска ефлоресценција во сушни региони. Неговата формула е · . Тој е главниот минерал ископан од наслагите во Борон, Калифорнија и околните локации и е главен извор на комерцијален боракс.

Бораксот првпат стигнал до западната цивилизација како тинкал ископан од наоѓалиштата во Тибет. Терминот боракс доаѓа од арапскиот збор bauraq, што значи бело.

Наоѓалишта Најобемните наоѓалишта се наоѓаат во Кирка, Турција. Бораксот се ископува и во Андите во Аргентина, Боливија и Чиле. Сепак, најголемото производство е од наоѓалиштата во Калифорнија.

Примена Природните појави на минералот се важен извор на комерцијален боракс, кој се користи за производство на стаклени влакна, во средства за чистење, како антисептик и како флукс во металургијата и растворувач за метални оксиди.

Наводи

Категорија:Луминисцентни минерали Категорија:Моноклински минерали